Јаневски го објави списокот за Хрватска и Шкотска

Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Чедомир Јаневски го објави списокот на фудбалери за почетните две гостувања од квалификациите за Светското првенство во Бразил.

На списокот за гостувањата во Хрватска и Шкотска се најдоа и Александар Тодоровски, Дарко Тасевски и Стевица Ристиќ кои беа подзаборавени од претходниот селектор Џон Тошак.

Првиот натпревар ќе се одигра на 7. септември во Загреб, а четири дена подоцна Македонија гостува во Глазгов.

Голмани
1. Кристијан Наумовски – Динамо Букурешт/Романија
2. Мартин Богатинов – Карпати/Украина
3. Томе Пачовски – Мехелен/Белгија

Одбрана
4. Бобан Грнчаров – Ботев Пловдив/Бугарија
5. Даниел Георгиевски – Стеауа Букурешт/Романија
6. Александар Тодоровски – Полонија Варшава/Полска
7. Николче Новески – Мајнц 05/Германија
8. Ванче Шиков – Волин/Украина
9. Даниел Мојсов – Војводина/Србија
10. Горан Попов – Динамо Киев/Украина
11. Александар Лазевски – Партизан/Србија

Среден ред
12. Никола Глигоров – Алки/Кипар
13. Мухамед Демири – Тун/Швајцарија
14. Величе Шумуликоски – Тианјин Теда/Кина
15. Стефан Спировски – Борац Чачак/Србија
16. Дарко Тасевски – Шмона Кириат/Израел

Напад
17. Ферхан Хасани – Волфзбург/Германија
18. Иван Тричковски – Клуб Бриж/Белгија
19. Стевица Ристиќ – Сувон Самсунг/Кореа
20. Горан Пандев – Наполи/Италија
21. Мирко Ивановски – Астра Плоешти/Романија
22. Агим Ибраими – Марибор/Словенија
23. Александар Трајковски – Зулте Варегем/Белгија