Британците се изгубија уште на самиот почеток од нивниот документарец. Според нив, Полска граничи со Австрија, Чешка ја поместија јужно, а на нивната мапа се уште постои и Југославија.
Анти-Семитистичко навивање, мајмунски извици, нацистички графити и поранешниот репрезентативец на Англија, Сол Кембел со неговата изјава „не одете на Европското првенство затоа што може ќе се вратите во ковчег", се главните пораки кои БиБиСи ги прати преку „Стадиони на омразата".
Но дали овој документарец ја прикажува вистинската слика на Полска и Украина или БиБиСи претера во својот обид да дојде до сензационалистичка приказна?
Овие проблеми ги има насекаде во Европа, а не само во Полска и Украина. Оваа сезона бевме сведоци на казните кои ги заработија Јувентус и Порто заради испадите на нивните навивачи, како и на скандалите со расистичките навреди на Џон Тери и Луис Суарез.
Без проблеми не поминаа и минатите Европски првенства кои се одржуваа во земји од западна Европа. Големи тепачки се случија на минатото првенство кое во 2008-та се одржа во Австрија и Швајцарија, а сигурно се секавате и на масовните тепачки помеѓу Англичаните и Германците на Светското првенство во Германија во 2006-та и Европското првенството во 2000-та година чии домаќини беа Белгија и Холандија.
Погледнете го целиот документарец „Стадиони на омразата":