Извлечени квалификациски групи за Европско2020, Македонија во пристојна група

Во престолнината на Република Ирска, Даблин, во 12 часот по средноевропско време се извлекоа квалификациските групи за ЕП 2020 година кое за првпат во историјата ќе се игра на различни места во повеќе градови.

Европското првенство 2020 ќе се одржи во 12 градови од 12 различни земји. Првиот меч ќе се игра на 12 јуни во Рим, а финалето е закажано за 12 јули на легендарниот „Вембли“ во Лондон.

Квалификациските групи:

Група А: АНГЛИЈА, ЧЕШКА, БУГАРИЈА, ЦРНА ГОРА, КОСОВО

Група Б: ПОРТУГАЛИЈА, УКРАИНА, СРБИЈА, ЛИТВАНИЈА, ЛУКСЕМБУРГ

Група Ц: ХОЛАНДИЈА, ГЕРМАНИЈА, СЕВЕРНА ИРСКА, ЕСТОНИЈА, БЕЛОРУСИЈА

Група Д: ШВАЈЦАРИЈА, ДАНСКА, РЕПУБЛИКА ИРСКА, ГРУЗИЈА, ГИБРАЛТАР

Група Е: ХРВАТСКА, ВЕЛС, СЛОВАЧКА, УНГАРИЈА, АЗЕРБЕЈЏАН

Група Ф: ШПАНИЈА, ШВЕДСКА, НОРВЕШКА, РОМАНИЈА, ФАРСКИ ОСТРОВИ, МАЛТА

Група Г: ПОЛСКА, АВСТРИЈА, ИЗРАЕЛ, СЛОВЕНИЈА, МАКЕДОНИЈА, ЛАТВИЈА

Група Х: ФРАНЦИЈА, ИСЛАНД, ТУРЦИЈА, АЛБАНИЈА, МОЛДАВИЈА, АНДОРА

Група И: БЕЛГИЈА, РУСИЈА, ШКОТСКА, КИПАР, КАЗАХСТАН, САН МАРИНО

Група Ј: ИТАЛИЈА, БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА, ФИНСКА, ГРЦИЈА, ЕРМЕНИЈА, ЛИХТЕНШТАЈН

Европското ќе се одржи во 12 градови - Лондон, Минхен, Рим, Баку, Санкт Петербург, Букурешт, Амстердам, Даблин, Билбао, Будимпешта, Глазгов и Копенхаген. 

Интересно на ждрепката имаше неколку правила меѓу кои освен она дека од политички причини земјите кои биле во конфликт не може да се сретнат едни против други (Ерменија-Азербејџан, Гибралтар - Шпанија, Косово - Србија, Косово - Босна и Херцеговина (поради ентитетот Република Српска), Украина - Русија, како и географски ограничувања: на пример, Исланд не можеше да падне во група со Грузија или Израел или Ерменија, Кипар и обратно, овие репрезентации да не патуваат на Исланд.

УЕФА поради временските услови и големите студови во одредени земји во иста група не можеа да се најдат повеќе селекции од следниве: Белорусија, Естонија, Финска, Исланд, Летонија, Литванија, Норвешка, Русија и Украина.

24 репрезентации ќе обезбедат место на Европското. Во квалификациите ќе играат 55 селекции распоредени во 10 групи - пет групи ќе бидат со по пет репрезентации и во нив ќе бидат победниците на групите од Лига на нации (Швајцарија, Португалија, Холандија, Англија и плус уште една), а пет групи ќе имаат шест репрезентации.

Двете првопласирани селекции од секоја група ќе обезбедат директен пласман на Европското првенство 2020. Четири дополнителни места ќе се обезбедат не преку бараж туку преку победниците на секоја група во Лигата на нации.

Четирите најдобри селекции од секоја дивизија кои нема да се квалификуваат директно на Европско, ќе се натпреваруваат за по едно место на ЕП2020.

Македонија ја освои својата група во Лига на нации и веќе има плејоф преку кој би можела да обезбеди пласман на Европското.