Таг: квалификации за еп2020

Еден баш смотан автогол

Репрезентацијата на Велс предводена од Рајан Гигс ќе има тешка задача да освои едно од првите две места пред Хрватска и Унгарија. Ама патот им го олеснува Павло Пашаев од Азербејџан.

Луд гол после волеј на Лоренцо Инсиње

Босна не само што ѝ пружи голем отпор на Италија, туку и водеше на полувреме со 0-1 сред Торино после голот на Един Џеко. Италијанците се спасија во вториот дел кога прво Инсиње израмни а Верати во 85’ им донесе победа. Голот на Лоренцо за 1-1 беше ремек-дело.

Гестот на Рамос дефиниција за капитен

Шпанија до 64’ минута го кршеше отпорот на Шведска и конечно го скрши. Најпрвин Серхио Рамос погоди од пенал, а вториот удар од белата точка кој Шпанците го добија во 85’ минута реши да му го даде на Алваро Мората, за да му билда самодоверба.

Финскиот Арпад

Лукаш Храдецки е роден во Братислава, Словачка, има 29 години и е познат бундеслигашки голман. Решил да брани за Финска каде настапувал уште како млад, а синоќа беше најзаслужен што репрезентацијата на оваа земја славеше 0:2 на гости кај Ерменија во квалификациите за Европско 2020.

Лудиот кам-бек на Данска од 3-0 за 9 минути

Кога тркалото ќе тргне по надолнина, тогаш нема враќање назад. Тоа на своја кожа синоќа го осетија репрезентативците и навивачите на Швајцарија на стадионот „Сент Јакобс“ во Базел.

Јунакот од Грузија што спаси репрезентативец на Швајцарија

Во квалификациите за Европско 2020, на мечот меѓу Грузија и Швајцарија, резултатот можеше да остане во втор план уште во првото полувреме. Среќа добро се заврши една многу непријатна ситуација.

Лесен залак за Македонија

Македонската фудбалска репрезентација со победа го отвори новиот квалификациски циклус за ЕП 2020. Момците на Игор Ангеловски играа викторија пред голот на Летонија која е 131-ва селекција според рангот на ФИФА и ја решија уште во првото полувреме.

Украинец исфрлен од репрезентација зошто потпиша со руски Зенит

Политиката никако не престанува да се меша во спортот. Последен ваков случај доаѓа од Украина каде долгогодишен репрезентативец бил избркан од националниот тим поради тоа што игра во руски клуб.

Извлечени квалификациски групи за Европско2020, Македонија во пристојна група

Во престолнината на Република Ирска, Даблин, во 12 часот по средноевропско време се извлекоа квалификациските групи за ЕП 2020 година кое за првпат во историјата ќе се игра на различни места во повеќе градови.

Пораз на Македонија од Грција

По не баш убедливата игра против Турција во Битола, македонските ракометари вечерва го претрпеа можеби најтешкиот пораз откако играме квалификации против далеку послабо рангирана репрезентација. Грција - Македонија 28-26.