Селекторот на Украина, легендарниот Андреј Шевченко не го повикал левиот бек и стопер Јарослав Ракицки за дуелите од квалификациите за ЕП 2020 против Португалија и Луксембург.
Украинските медиуми пишуваат дека Шева не го повикал Ракицки со цел да спречи негативна атмосфера околу репрезентацијата, затоа што јавноста во Киев и другите градови е револтирана од потегот на Ракицки да оди во клуб од земја со која Украина војуваше неколку години.
Ракицки дресот на Украина го носеше речиси 10 години. Играше на Европското првенство 2012 и 2016 и досега собрал 54 натпревари и дал 5 гола.
Кариерата ја почнал во 1996 година во украинскиот клуб Першотравенск, потоа играл за Самара и се прослави во Шахтјар Доњецк каде беше член од 2003 до 2019. На 29 јануари годинава Украинецот премина во Зенит од Санкт Петербург со кого потпиша 3,5 годишен договор.
Пратеник во руската Дума, Игор Лебедев рекол дека играчот не е викнат во репрезентација на лично инсистирање на претседателот Украина Петро Порошенко.
„Преминот во Зенит е исклучително право на Ракицки. Да игра за клуб кој настапува во Лига Европа и претендира за Лига на шампиони, да заработува добро или да настапува за репрезентацијата на Украина која не оди на секое Светско и Европско првенство. Донел одлука и има право на тоа“, рекол Лебедев.