Три освежувања во составот на Јаневски

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Чедомир Јаневски го објави списокот за претстојниот пријателски натпревар против Словенија. На него ги нема Пандев, Новески и недисциплинираните Попов и Ристиќ, а нови имиња се Блажевски, Цикарски и Јаховиќ.

Заради згуснатиот распоред на нивните клубови, од обврските кон репрезентацијата се ослободени Горан Пандев од Наполи, Николче Новески од Мајнц и Стефан Ристовски од Бари.

Во составот ги нема и Горан Попов и Стевица Ристиќ за кои следува „ладење" по кавгата пред квалификацискиот натпревар со Србија.

На списокот се најдоа и три нови имиња. Заслужен повик во репрезентацијата доби моментално најдобриот фудбалер од домашната лига, Дејан Блажевски од Турново, младинскиот репрезентативец Мите Цикарски кој ќе биде алтернатива по левата страна во отсуство на Попов, како и напаѓачот Адис Јаховиќ од Цирих кој доби повик благодарение на голгетерската форма во швајцарскиот шампионат.

Голмани:
Мартин Богатинов – Карпати/Украина
Томе Пачовски – Мехелен/Белгија

Одбрана:
Бобан Грнчаров – Ботев Пловдив/Бугарија
Александар Тодоровски – Полониа Варшава/Полска
Даниел Георгиевски – Стеауа Букурешт/Романија
Мите Цикарски – Вардар/Македонија
Ванче Шиков – Волин/Украина
Бојан Марковски – Аполон/Кипар
Александар Лазевски – Партизан/Србија

Среден ред:
Дејан Блажевски – Турново/Македонија
Мухамед Демири – Тун/Швајцарија
Остоја Стјепановиќ – Вардар/Македонија
Ферхан Хасани – Волфсбург/Германија
Дарко Тасевски – Шмона Киријат/Израел

Напад:
Александар Трајковски – Цулте Варегем/Белгија
Иван Тричковски – Клуб Бриж/Белгија
Агим Ибраими – Марибор/Словенија
Драган Ѓоргиев – Вардар/Македонија
Мирко Ивановски – Астра Плоешти/Романија
Адис Јаховиќ – Цирих/Швајцарија

Пријателскитот натпревар против Словенија ќе се одигра во среда, 14 ноември во 18 часот.