Најдобро во улогата на селектор се снајде Дарко Крстевски со екипата Bosi. Тој се издвои при врвот уште по завршувањето на групната фаза, а на крајот заврши на првото место со 348 поени. Неговата екипа освоен што е на првото место во нашата лига и на второто севкупно во Македонија, се најде и на 343-та позиција во конкуренција на 559.887 екипи од целиот свет.
На второто место е MakMadrid на Драган Јованов со 334 поени, а на третото место заврши ATA Team на Иван Атов со 329 поени.
Најдобар резултат на ова првенство оствари дефанзивецот на Шпанија, Жорди Алба со 46 поени, а зад него се неговите колеги Пике со 37 и Касиљас со 35 поени.
Во идеалниот тим на првенството се најдоа осум Шпанци, и по еден репрезентативец на Италија, Португалија и Германија.
Се гледаме на есен.