Англија преовладува на ЕУРО 2012

На Европско првенство во Полска и Украина ќе учествуваат 16 репрезентации, а 14 од нив имаат по барем еден фудбалер кој игра во Англија. Клуб кој ќе прати најмногу играчи на првенството е Баерн Минхен, а фудбалери на Арсенал ќе настапат за седум различни репрезентации.

78 или дури 21% од сите 368 фудбалери кои ќе настапат на Европското првенство се членови на клубови од Премиер лигата и англискиот Чемпионшип.

На втората позиција се германската Бундеслига со 49, а шпанската Примера и италијанската Серија А че бидат претставени со по 32 фудбалери.

14 од вкупно 16 репрезентации имаат по барем еден фудбалер кој настапува во Англија, а од германските клубови има членови во 10 репрезентации.

Најмногу претставници на првенството ќе има Баерн Минхен - дури 12, од кои осум играат за Германија. Реал Мадрид ќе има 11, а по девет фудбалери на Европското првенство ќе испратат Челси, Шахтар и Динамо од Киев. Арсенал ќе има осум фудбалери кои ќе настапат за седум различни репрезентации.

Репрезентацијата на Англија е единствената со 23 фудбалери кои играат во домашното првенство. Актуелниот шампион Шпанија има 19 фудбалери кои настапуваат во нивната лига, исто колку и Русија и Украина.

Конечните состави на сите репрезентации можете да ги погледнете тука.

31 мај 2012 - 13:32