Европското првенство кое од денес па до 1. јули ќе се одржи во Полска и Украина ќе биде последното континентално натпреварување на кое ќе настапат 16 репрезентации. Поделени во четири групи со по четири селекции, националните тимови ќе се борат за трофејот „Анри Делоне".
Првопласираните две репрезентации од секоја група ќе се пласираат во нокаут фазата, а најверојатно најинтересна ќе биде битката во групата Б во која се репрезентациите на Германија, Холандија, Португалија и Данска.
Најмалку атрактивна е група А со чии натпревари вечерва ќе биде започне првенството. Честа да го отворат првенството во 18 часот ќе ја имаат еден од домаќините, репрезентацијата на Полска и шампионот од Европското првенство во 2004-та година, репрезентацијата на Грција. Во 20:45 се среќаваат Русија и Чешка.
Сè што ви треба за Европското првенство на едно место:
Распоредот на натпревари во Ексел формат.
Стадионите каде ќе се одиграат натпреварите.
Дресовите на сите репрезентации.
Составите на учесниците низ бројки.
Шпанија и Германија се фаворит според обложувалниците?
Потенцијалните ѕвезди на првенството.
И откако прочита сè за Европското првенство, покажи колку се разбираш во фудбал.