Според обложувалницата bwin, Шпанија и Германија имаат најголеми шанси за освојување на Европското првенство. Коефициентот за нивната победа изнесува 3,8 (за вложени 100 денари добивате 380). Овие две репрезентации имаат најголеми шанси дека ќе се пласираат во финалето, односно коефициентот дека ќе гледаме финале Германија-Шпанија изнесува 6.
Зад нив е Холандија со 7,5, следи Франција со коефициент 10,5, а коефициентот на победа на Италија и Англија е 15.
Најмали се шансите на Грција, Данска и Република Ирска. Коефициентот на Грција и Данска изнесува 81, а на Ирците е 101.
Според bwin, најголеми се шансите дека најдобар стрелец на првенството ќе биде Германецот Марио Гомез за кого коефициентот е 8. Зад него се Робин ван Перси со 11, Карим Бензема со 13 и Кристијано Роналдо со коефициент 14.