Најголема вредноста од сите шеснаесет учесници на Евро 2012 има селекцијата на Шпанија, која е проценета на сума од 625 милиони евра. Просечно секој член на репрезентацијата, која во Полска и Украина го брани трофејот од пред четири години на фудбалскиот пазар вреди 27 милиони евра.
Веднаш зад Шпанија е Германија, која вреди 475 милиони додека трета е селекцијата на Англија со сума од 415 милиони евра.
Само четири селекции имаат помала вредност од 100 милиони евра и тоа се репрезентациите на Полска, Данска, Грција и Република Ирска.
репрезентација вкупна вредност просек по играч
1. Шпанија 625 мил. евра 27,1 мил. евра
2. Германија 475 20,6
3. Англија 415 18
4. Португалија 350 15,2
5. Франција 345 15
6. Холандија 320 13.9
7. Италија 310 13,4
8. Русија 156 7,1
9. Хрватска 155 6,7
10. Шведска 130 5,6
11. Украина 110 4,7
12. Чешка 105 4,5
13. Полска 95 4,1
14. Данска 90 3,9
15. Грција 85 3,6
16. Р. Ирска 70 3
Ако се земе в предвид вредноста на селекциите и нивниот распоред во првата фаза од натпреварувањето, највредна е групата Б во која се наоѓаат репрезентациите на Холандија, Данска, Германија и Португалија каде се очекува и најжестока битка за освојување на првите две места кои носат пласман во четврт-финалето.
А група вкупна вредност
Полска, Грција, Русија, Чешка 450 мил. евра
Б група
Холандија, Данска, Германија, Португалија 1,23 милијарди
Ц група
Шпанија, Италија, Р. Ирска, Хрватска 1,16 милијарди
Д група
Франција, Англија, Украина, Шведска 1 милијарда