Сања Таневска е дипломиран професор по македонски и шпански јазик, професија која што ја доведе да седне на маса и да му предава на професорот по ракомет, „Ел Команданте“ Раул Гонзалес. Ни раскажа каков е тој одблизу.
По фамозното интервју во кое професорски ги деконструираше големите приказни на амбициозната и воинствена новинарка, да фрлиме поглед во багажникот на овој клинички психолог кој полека добива статус на рок ѕвезда, а кој, иако е далеку од десничар, моментално е најголемиот трн во очите на денешната - политички коректна а ужасно нетолерантна - крајна левица.
Лесно е да се спореди бруто домашниот производ на Хаити со она на САД или на некоја богата европска земја и да се донесе будалест заклучок за нечија инфериорност и нечија супериорност. Но, кога ќе се постави прашањето зошто едните се сиромашни а другите богати, на површина излегува сето лицемерие на вториве.
Ендевор контент ги откупи правата неодамна објавениот бестселер Оган и гнев, во кој новинарот Мајкл Вулф го раскажува своето сведоштво на првата година од мандатот на Трамп.
Зборувајќи на Ен-би-си за својата книга, Мајкл Волф изјавува дека „луѓето на Трамп го сметаат него за дете“ објаснувајќи дека американскиот претседател има постојана потреба од инстантно задоволство, „ниту чита, ниту слуша, тој е како флипер, само мава на сите страни.“
Дебатата во Италија за тоа за кого навивал Бенито Мусолини е децениска. Освен неколку фотографии на стадионите, Бенито не бил некој голем вљубеник во фудбалот така што неговата евентуална врска со Лацио не е онаква каква што светот ја замислува.
Меѓу останатите работи што Мајло Јанопулос ги изгуби откако на почетокот од годинава се стави во одбрана на сексуални односи меѓу возрасни и малолетни лица, беше и неговиот договор за објавување книга со Сајмон и Шустер. Благодарејќи на тоа што Мајло го тужеше издавачот, комплетната евиденција околу книгата, вклучително и уредничките забелешки станаа јавна информација.
Светската здравствена организација го дефинира нарушувањето како „постојан или повторлив“ модел на однесување со „доволна сериозност за да резултира со значително оштетување на личните, семејните, социјалните, образовните, професионалните или другите важни области на функционирање“
Невозможно е да се поверува но Волкот има 28 години. Како вчера да беше кога англиските топ-клубови се бореа за него додека беше средношколец, додека Nikе работеше со него на 14 години а на 17 заигра на Светско во Германија.
Седум години траеше сагата и потрагата за убиецот на познатиот кошаркар Лоренцен Рајт кој играше во Мемфис, Сакраменто, Клиперс и други клубови. Сценарио какво не би можеле да предвидат ниту најлудите режисери.
Едната е сериозна и загрижена над сопствената и судбината на светот, пристојна е и интровертна. Другата е неподносливо екстровертна и брбливa. И така, тие две се во константен конфликт. Уште само Ноне им фали...
Социјалните медиуми беа верба во една транснационална мрежа која ќе го зближи човештвото. Истите тие мрежа всушност ги вчаурија луѓето во групи на истомисленици кои везден споделуваат слични ставови и погледи. И ако човек улулкан во тој истомислечки свет некогаш успее да сретне поинакво мислење, за него е нормално што тоа мислење го прогласува за ненормално.
Сето она на што денешниот граѓанин може да се пожали во врска со самоволието на властите, сето тоа е пробано на Џон Ленон: надгледување, малтретирање, политичко гонење, етикетирање, криминализирање. Дури и кога ќе се добие битката со системот, следат лудаците кои системот ги произвел.
Без разлика дали е Мерцедесот на Маршалот, или на некој друг по него, без разлика дали биле левица, или биле десница, се знае на Балкан што иде со власта - германска премиум лимузина.
За да изградиш компанија со стотици милиони корисници и капитал од милијарди долари треба своето постоење да го поврзеш со некој од главните човечки органи или инстинкти. Во примерот на човек на Скот Галовеј од Универзитетот Њујорк, Гугл е мозокот, Фејсбук е закачен на нашата потреба да сакаме и да се грижиме за некого, Амазон ја покрива нашата „потреба за уште“, a Епл инстинктот за репродукција.
Не знае кладилница, не знае да предвидува резултати, не знае што ќе биде со Каталонија... Ама затоа има една карактеристика која овде е дефицитарна: многу добро да го знае она што му е работа. А дома има проблеми како ќе се оди од Македонија.
Продадените книги за диети во Америка би можеле да ги наполнат сите рафтови во импозантната Конгресна библиотека и пак би останале примероци за сите други помали библиотеки во САД. Зошто приказните раскажани во овие книги се толку убедливи и што е тоа во нив што ги заведува читателите цел еден век?
По крвни зрнца, бошњачкиот писател и хрватскиот генерал би требало да се крвни непријатели од трагично закрвената Босна. Ама, лично напатениот од страшната војна Сидран не е како овие нашиве хиени кои никако да се наситат.
На крајот од октомври излезе книгата на најпознатиот светски спортски новинар Гилјем Балаге со наслов „Brave New World: Inside Pochettino's Spurs"- поточно, дневник на Маурисио Почетино во сезоната 2016/2017.
Авторот на книгата со овој наслов не е некој „од наша банда“, туку е доктор и директор на американски центар за здравје. Неговиот совет за оние ситуации кога човек се колеба дали да касне нешто за кое мисли дека е штетно гласи: А нели е штетно да си ја мачиш душата?
На 10 години малиот Тим не можел да се контролира. Опсесивно трепкал, постојано го чистел грлото со кашлање, нервозно ги спуштал рамениците, ги превртувал очите. Наставниците мислеле дека е невоспитан и некултурен, а тој заврши во Јунајтед.
Озлогласениот убиец и водачот на псевдо-сатанистички клут деновиве умре во болница во Калифорнија на 83 години. Речиси пет децении тој имаше посебно место во американската, но и во светската поп-култура, како олицетворение на сè што е зло и демонско во човека. Кај нас РИП-ови му пишуваат.