Како што Галовеј има совршено сфатено, ти денес повеќе му веруваш на Гугл, отколку на твојот професор, родител, доктор, пастор или кој и да е.
Она што исто така одлично го уденува е однесувањето на Фејсбук околу сите обвиненија дека е одговорен за ширењето дезинформации, каде како сајт што е најголем извор на вести (и покрај тоа што немаат напишано ни буква сопствена содржина) тие сами на себе си даваат алиби дека не се медиум, туку платформа.
„Кога би му се пожалиле на Мекдоналдс дека 80% од месото му е лажно и не презема ништо во врска со тоа, дали би прифатиле одговор од него ’ние не сме ресторан за брза храна, туку платформа за брза храна’“, објаснува Галовеј.
Четворката (Гугл, Фејсбук, Амазон, Епл) денес има пазарна вредност колку БДП-то на Индија, одамна надминувајќи ги вкупните приходи на цели држави како Русија и Канада.
Галовеј за сето ова пишува во својата книга „Четворката“ (која признава дека треба да ја апдејтува во „Петката“ и да го додаде Микрософт). Она што за што нема пишувано во книгата е за потребата сите овие компании под итно да се растурат на помали компании.
Делот со растурањето го објаснува во една совршено спакувана презентација: