Легендарниот голман со нервни тикови кој стигна до Манчестер Јунајтед

На 10 години малиот Тим не можел да се контролира. Опсесивно трепкал, постојано го чистел грлото со кашлање, нервозно ги спуштал рамениците, ги превртувал очите. Наставниците мислеле дека е невоспитан и некултурен, а тој заврши во Јунајтед.

Со текот на времето тиковите со лицето и говорот се интензивирале (Тими Хауард не ги контролирал извиците). Поразена од необјаснивите измени, мајка му скоро го однела синот во болница.

Докторите дијагностицирале опсесивно-компулсивно растројство и Турет синдром (растројство на нервниот систем, тикообразение на мускулите, лицето, вратот и рамениците). Лекарите предложиле инекции и барале да дојде на повторно испитување после неколку месеци. А после тоа се било исто. „Тоа е бесмислено“, се бунела мама Естер и почнала да бара друга клиника.

Тоа се покажало доста сложено зошто требало многу време и пари.

Покрај тој, имале и друг проблем: татко му на Тим Хауард, камионџијата Метју го напуштил семејството кога син му имал три години а мајка му продавала козметика и заработувала сосема малку колку за скромен живот.

Додека мајка му Естер барала погодна клиника, болеста напредувала. Тими одел во школо, а се чувствувал спокојно само кога текот на настаните бил како што очекувал. И така ден за ден.

На патот до школо неговото внимание го привлекувале најобични работи. На едно место има камен - треба да го земе и да го стави во својот ранец. „За неколку недели мојот школски ранец беше полн со секаков вид ѓубре. Имаше камења, цвеќе, плодови, лисја, стебла од дрва и Бог знае што се не. Се обидував да се спротивставам, но тогаш мојот организам полудуваше. Желудникот ми стануваше бесен. Почнував тешко да дишам. Од некоја необјаснива причина како Вселената да сакаше да се концентрирам само на едно: да кренам и да земам камен“, се сеќава Хауард во својата книга The Keeper.

Болеста му влијаела на учењето на Тими: домашната работа му изгледала тешка, немал концентрација ниту внимание на час и било невозможно да седи.

„Од 10 до 15 години тиковите беа најсилни. Еднаш во школо учителката ми се сврти: ’Ти зошто не можеш да седиш мирно еднаш?! Престани да се занимаваш со твоето грло. Што е со твоето лице?! Другите деца се смееја. Ја мразев школата и се што беше поврзано со неа. Имав тикови, ми сметаа ѕидниот часовник, светлата ми брмчеа над глава, шкрипот на стилоците, и што е најлошо - долгите и вечни саати во едно место“, му раскажал Тим Хауард еднаш на новинар од магазинот Neurology Now.

 

„Не ја нарушував дисциплоната, ниту се дерев по наставниците. Напротив, тие ме сакаа мене. Но се се сведува на една работа: Не добив ништо од школото. Совршено ништо“, пишува најдобриот американски голман во историјата.

Еден ден мајка му на Тими ја викнале во школо - наставниците биле загрижени поради чудното однесување, невоспитаност и хулиганство. Објаснувањата за сериозното заболување немале ефект. Се што Естер Хауард слушнала бил одговорот: „Мисис Хауард, во денешно време луѓето ќе најдат многу причини да го оправдаат лошото однесување и слаби оцени“.

На 11 години кај Тим Хауард се појавил уште еден симптом. Малиот не можел да почне разговор а да не го допре соговорникот.

„Тоа беше најужасно од сè. Ако не го допрев човекот не можев да изустам ни збор. А кога ќе кажев нешто се отвораше врата за мислите. Во школото се трудев да биде неприметно: Ако случајно удрев некого по рамо или рака, тогаш се стрчуваа други дечки и почнуваа дијалог“.

Пријателка на Естер еднаш приметила дека нејзиниот син подобро се чувствува додека се занимава со спорт: бил помалку изложен на тикови, многу помалку од вообичаено, а опсесивни мисли не му доаѓале. Тими се бавел со спорт од шест години: почнал со бејзбол, но на фудбал и кошарка му одело подобро. Мајка му често го возела Тим на проба во фудбалската екипа. Пари немале доволно па престојувале во најевтини хотели а Естер правела само сендвичи со путер од кикирики и купувала сендвичи од продавница.

Но Естер не страдала залудно: на еден од турнирите за младинци Тими го приметил помошникот на младинската репрезентација на САД до 17 години, Тим Милкуин. Тој го набљудувал голманот и на 15 години високиот Тим Хауард дебитирал за U17 репрезентацијата.

Натпреварите и тренинзите го правеле Тим задоволен и среќен а фудбалот му ги заменил книгите. Потпишал договор со Норт Џерси Империјалс и се откажал од колеџ зошто сакал да заработи пари и да и помогне на мајка му која сè жртвувала за него.

После првите шест меча на кои бранел неверојатно добро, гигантот МетроСтарс, клуб од првата американска лига МЛС решил да го купи Хауард. Во тој тим тренер бил Тим Милкулин. Таму Хауард бранел од 1998-ма до 2003-та година кога добил повик од големиот Сер Алекс Фергусон. 

Еден прием кај еден лекар Тим и мајка му Естер го паметат засекогаш. Докторт им кажал дека некои луѓе со синдромот Турет имаат необични способности: „Кога се концентрираат на задачата, ако не биде завршена идеално, тие се хиперчувствителни. Долго работам на оваа болест и верувам дека има и друга страна“, го цитирал Хауард докторот во својата книга.

И секој следен меч на теренот покажувал дека докторот не погрешил.

„Гледав работи што другите не можеа да ги видат. Ја предвидував играта на противникот. Знаев кога крилото ќе тргне да центрира и каде ќе се спушти топката во шеснаесетникот. Можев да видам како трепка напаѓачот и однапред знаев каде ќе тргне. Понекогаш имав време и одбраната да ја предупредам.

Но ништо од тоа не знаел англискиот печат кога Манчестер Јунајтед го спремал трансферот на голманот. Така грозно како што го пречекале Хауард не пречекале ниту еден друг голман.

The Guardian напишал: „Манчестер сака да купи голман со растројство на мозокот“. Лондонскиот Mirror се потсмевал: „Се колнеме дека е вистина: играч со синдром Турет е цел на Манчестер Јунајтед“. И тоа продолжило неколку недели, весниците дословно се натпреварувале кој повеќе ќе го навреди новајлијата од САД.

Но Хауард се издржал стоечки и продолжил да ги замолчува сите со своите одбрани. Кога Американецот одбранил решавачки пенал во меч од Суперкупот на Англија против Арсенал и имал страшно добри одбрани, навивачите на тимот од „Олд Трафорд“ смислиле цела песна за него. Мотив им била песната "Chim Chim Cher-ee" од "Мери Попинс".

Но новинарите внимателно го следеле Хауард, спремни да го „нападнат“ како хиени за секоја негова грешка.

Најтешкиот момент му се случил во 1/8 финалето од Лигата на шампионите 2003/2004 против Порто. Во последната минута, Тим се соочил со сериозен шут, го одбранил, но одбитокот го начелак Костиња и Јунајтед примил гол. После пар месеци Порто на Мурињо ја освои Лигата на шампионите.

Хауард го изгуби местото во составот, а весниците му претскажувале крај на англиската кариера во Премиер: „Тоа беше жестокот. Како сите да го чекаа мојот пад“, се сеќава одличниот голман од САД. 

Хауард после некое време се врати во стартниот состав и го продолжи договорот но сите планови му ги срушил трансферот на Едвин Ван дер Сар. Холанѓанецот стана прв голман а Тим негова резерва на клупата.

Американецот тоа не го депримирало, напротив го мотивирало зошто бил амбициозен: „Фудбалскиот терен ми го донесе мирот. Додека топката беше далеку од мојот гол, мојот разум и натаму беше во состојба да ми командува: стегни ги ракавиците, клекни на земја, кашлај, фати се за врат.

Тиковите ми се вратија, се чувствував многу некомфорно. Но кога топката се приближуваше близу нашиот гол, симптомите се повлекуваа. Секогаш. Немаше ништо што можеше да ме спречи да играм“.

Тим сфатил дека за да брани цело време ќе треба да смени средина, па замина во Евеертон каде бранеше цели десет години! Таму ги донел најважните одлуки во животот - му раскажа на светот за проблемот на луѓето со синдромот Турет.

Претходно, поради професионалната кариера, тој не можел да се занимава често со таквите настани. Еднаш во 2001 година добил специјално признание од МЛС за работа со болните деца и станал советник на директорот на Асоцијацијата за борба против синдромот Турет во Њу Џерси.

Кога се врати во САД пред една година, Хауард се посветил целосно на таа борба: „Синдромот Турет влијае на многу повеќе луѓе отколку што мислиме. Нам ни е потребно многу повеќе истражување. Ситуацијата во која лекарите вбризгуваат лекови и инјекции и бараат пациентот да дојде пак на инјекција за пар месеци, е нездраво. Болеста не се лечи на ТВ, за неа молчат политичарите, не се зборува во школите и во болниците. Ни треба многу повеќе внимание“, изјави најдобриот американски голман на сите времиња за New York Times.

Во 2014 година Американската асоцијација за борба против синдромот Турет го нарекла Хауард најпознатиот човек кој страда од оваа болест и се обидела да привлече поголемо внимание за решавање на проблемот.

Хауард вели дека сака да се сеќава како во детството гледал телевизија и случајно начекал документарен филм за кошаркарот Крис Џексон кој го смени името во Махмуд Абдул-Раф.

„Кажаа дека и тој исто боледува од синдромот Турет. Отворив очи и помислив: ’Тој не е ист како мене, спокојно живее со таа болест и игра во НБА - најдобрата лига на светот!“.

Денес Хауард е убеден дека моментот кога ја изгледал документарката му го сменил животот.

Тој мечтаел да се носи со болеста како кошаркарот Крис Џексон: „Сакав другите да ме видат мене и да помислат: ’Да, него му најдоа синдром Турет, но тој сакал да игра во Премиер лигата и заигра. Сакал да игра во Манчестер Јунајтед и заигра.’ А тоа што го може Хауард го можат и другите...