На 10 години малиот Тим не можел да се контролира. Опсесивно трепкал, постојано го чистел грлото со кашлање, нервозно ги спуштал рамениците, ги превртувал очите. Наставниците мислеле дека е невоспитан и некултурен, а тој заврши во Јунајтед.
Белгија - САД заврши 2:1, меѓутоа разликата ќе беше далеку поголема ако Тим Хауард не направеше 16 одбрани, што е повеќе од кој било голман на Светските првенства во изминатите 50 години.
Тим Хауард синоќа бранеше како на ракомет, а партијата против Белгија која ја заврши со рекордни 16 одбрани не помогна САД да оди понатаму. Статистиката покажува дека Белгијците го гаѓале неговиот гол 38 пати од кои 27 удари завршиле во рамките на голот.
Голманот на националната репрезентација е новиот американски супер-херој кој на несреќно завршениот натпревар со Белгија влезе во историјата на фудбалот. 16 одбрани на чисти голови, најмногу откако ФИФА води таква статистика од 1966-та година. Сепак, дека му е сето тоа забавно, не му е.