Дали Турет е објаснување за способностите на Тим Хауард?

Белгија - САД заврши 2:1, меѓутоа разликата ќе беше далеку поголема ако Тим Хауард не направеше 16 одбрани, што е повеќе од кој било голман на Светските првенства во изминатите 50 години.

Дел од фановите знаат, дел уште не се запознаени, ама Хуард има дијагностициран Туретов синдром, невролошко заболување кое се манифестира со репетитивни, ненамерни движења или испади. Иако не е докажано, Њујорк Магазин се сомнева дека оваа состојба делумно е одговорна за умешноста на Хауард.

Тие наведуваат две студии на кои се базира нивното тврдење. Во првата, се докажува дека децата со Турет имаат подобар тајмниг од останатите деца. Едно од објаснувањата на оваа студија е дека мозокот на овие деца мора понапорно да работи за да ги потисне нивните тикови, а областа во мозокот која е одговорна за оваа задача во исто време е поврзана и со тајмингот.

Во втората се докажува дека луѓето со Турет имаат подобра самоконтрола. Учесниците во оваа студија (со и без Турет) требало што можат побрзо со поглед да ја најдат метата, притоа тие понекогаш добивале наредби што можат побрзо го тргнат погледот на страна. Се покажало дека луѓето со Турет биле подобри во следење на задачите. Како и во другите експерименти се верува дека причина за ова е постојаниот напор на луѓето со Турет да ги потиснат своите тикови.

"На кратко, потребна е огромна количина на самоконтрола за да се справиш со сите оние ненамерни движења, а зголемената ментална активност може само да помогне во вакви напнати сценарија, како меѓународен фудбалски турнир," пишуваа Њујорк Магазин.

Сите одбрани на Хауард против Белгија:

 

4 јули 2014 - 10:37