Балаге и Почетино се знаат 10 години - Гилјем навива за Еспањол во кој Аргентинецот прво беше капитен, а потоа стана и тренер.
Реномираниот новинар се восхитувал на работата на Почетино (например, на „Камп Ноу“ ја совладаа Барселона на Пеп Гвардиола - до тогаш Еспањол не победил таму цели 27 години!). Почетино и Балаге за доручек често зборувале за животот и за тешкиот пат на клубот од Барселона. Балаге тогаш ја заслужил довербата на семејството Почетино до толку многу што Маурисио и жена му се договориле: ако некогаш дојде време за книга, неа ќе ја напише само Гилјем.
Се испоставила сјајна идеја. Почетино не одговара на ниту еден од сегашните менаџери во Премиер лигата, а ако се отвори пред вас ќе требаат денови и ноќи да ви ја раскаже кариерата во претходните 15 години.
Во книгата има полно спомени и сеќавања - за семејстовто и детството. Во првото поглавје Аргентинецот го раскажува најнепријатниот момент во животот: На меч во младинските категории дотрчал до шеснаесетникот, противничкиот голман му ги соблекол шорцевите, а Почетино се вцрвел од срам пред публиката и ништо не одговорил.
Маурисио Почетино зборува и за првите години во Њуелс Олд Бојс и Еспањол, како и за преминот од играч во тренер. Раскажува и за спомените кога кратко бил цимер со Диего Марадона додека овој кратко играл за Олд Бојс. Почетино се привикнал дека во хотелот живее со идолот чијшто постер му висел во спалната соба во детството, а сега му се дерел да смени канал: „Да го ебам, човече, кој мислиш дека си ти? Јас сум Марадона! Пушти четврти канал!“.
Почетино е поделен помеѓу секојдневни детали - како што е купување карти за концерт на Стинг, 10-минутно задоволство меѓу двата рани аларми или неколку вишок килограми кои го приморале да почне лесна диета.
Има и необичности: во канцеларијата на Почетино секогаш има кора од лимон - некој аргентински другар му кажал дека тој апсорбира негативна енергија и лоши мириси.
Дури и во Саутемптон Почетино одел заедно со клупските работници кога купувале детергенти, прашок и омекнувач - пробувал неколку варијанти додека не го пронашол правиот мирис а сè со цел на играчите да им направи чувство на препознатлив мирис на дресовите.
Го сфаќате ли сега нивото на пазење на секој детал?
Еднаш Почетино не можел да се определи кој од двајцата играчи да го стави во составот, па еден од нив го спасил од мака тренерот. Изел лазања непосредно пред мечот.
Импресивен дел од книгата е посветен и на емоциите, психологијата и воспоставениот однос со играчите. Почетино бара од фудбалерите да играат со детска радост, да се срамат ако доаѓаат намрштени на тренинг и често им го пушта спотот на Роби Вилијамс за песната I Love My Life.
Почетино детално ги објаснува причините за преодот во формација со тројца централни стопери а после тоа лесно зборува за менталната блискост и доверба. За тоа откри Дени Роуз кој рекол дека по смртта на дедо му прв да му изрази сочувство му се јавил тренерот. Бил викенд, но Почетино седнал во кола и дошол да го види Роуз.
Како почнува утрото на тренерот на Тотенхем?
Маурисио Почетино се раководи со принципот: „Почни го денот како што сакаш да ти продолжи“. Т.е. не брзај.
6:30 - првиот будилник. Почетино останува во кревет обично уште 10-ина минути. Тоа го смета за големо задоволство.
6:40 - Следува утринскиот ритуал - чај од мате (бразилски чај). Додека жена му прави зелен смути за целото семејство, го буди најмладиот син и го носи до автобуската станица.
7:15 - Почетино оди во тренинг базата.
Тоа е идеално сценарио за Аргентинецот. Маурисио вели: ако нешто не тргне по план тоа значи дека син му се успал или тој самиот не можел да ја најде актовката или правилната кравата, а жена му Карина го повишува тонот па тој пробува да избега од дома порано.
Пред утринскиот тренинг има пракса да ги чека играчите во трпезаријата да му се јават: „Тоа е наш прв разговор, наш прв контакт во денот. Должен сум да сфатам како се расположени“.
Почетино ја видел смртта на стоперот на Еспањол Дани Харке и тренерот на резервите на Тотенхем Уго Ехиогу
8 август 2009-та година срцето на стоперот на Еспањол Дани Харке престанало да чука. Тој бил капитен додека Почетино беше тренер на Еспањол и Маурисио во него гледал своја копија.
Тоа било на подготовките пред нова сезона, а екипата тренирала на теренот Коверчано во Фиренца, база на италијанската репрезентација.
Следниот ден Еспањол требал да игра пријателска со Болоња. Почетино им предложил на играчите да отспијат малку после ручек а потоа да прошетаат по Фиренца.
„Дани помина покрај мене, му се обрати на докторот, па седна од спротива: „Докторе, може ли да ми дадеш аспирин или парацетамол? Главата ме боли. Јас му кажав: „Ако одиш во град и се напиеш кафе, ќе ти помине“. Тој одговори дека би останал да одмори.
Тоа му биле последните зборови што ги слушнал од него.
Маурисио во книгата раскажува: „Јас бев на плоштадот во Фиренца заедно со помошникот кога ни се јави нашиот најдобар играч Иван де ла Пења. Плачеше и бараше итно да се вратиме во хотелот - нешто се случило со Дани. КОга дојдовме во неговата соба имаше лекари. Три часа се обидуваа да го вратат во живот, но безуспешно. Срцев удар. На 26 години“.
Беше потресно. Додека лекарите ја вршеа својата работа, играчите се собраа во круг. Исполегнаа на под и плачеа избезумени, се држеа за глава. Чувствував немоќ, жал и сфатив дека не остави дечкото кого многу го сакав, кој беше слика на мојот живот, на кој му доверив капитенска лента, кој толку многу ме потсеќаше на мене... И ништо не можев да направам. Тој умре.
Бев опустошен. Тишината во авионот од Фиренца ме болеше. Беше заглушувачка тишина.“
„Девојката на Дани, Џесика беше бремена и ќерка им Мартина се роди на 23. септември 2009 година. Тој ден ја остваривме првата официјална победа на новиот стадион и им ја посветивме нив“, се сеќава Почетино во книгата за него од Балагуе.
Во кариерата Почетино имал уште една кошмарна епизода. Минатиот април почина 44-годишниот поранешен стопер на Астон Вила и Мидлзборо Уго Ехиогу, кој од 2014-та година работел како прв тренер на резервистите на Тотенхем. Имал срцев напад за време на тренинг и умрел во болница следното утро.
„Видов како клупскиот лекар и двајца физиотерапевти трчаат накај теренот на академијата и сфатив дека е нешто сериозно. Отидовме да видиме а таму беше екипата U-23. ’Што се случило? Што е со Уго’? Дотрчавме и видовме како лекарот му го масира срцето на Уго, тренерот на нашиот резервен тим.
После пет минути дојде комбе на Брза помош. Знаев дека е во добри раце, продолживме да веруваме. Но атмосферата беше мрачна. Во три часот ноќеска ми заѕвонија. Уго почина. На 44 години. Ме стигна голема болка и бев без силна. Тешко е тоа да се опише. Одново преживував се што преживеав до Дани Харке. Како едоставно луѓето си одат а колку е тешко да ја пополниш празнината која што ја оставаат. Уго го однесоа во Брза помош а јас не го видов. И повеќе никогаш не го видов. Останаа само спомени“.
Фанатик за тактика и мотивација
Во стручниот штаб на Почетино има цела видео одел: помошниот тренер пази на сите детали а соработниците пред секој следен меч го скаутираат противникот. Сите видеа се спремни на време. Почетино им дава на играчите неколку минути а потоа преку конкретни примери покажува што треба да изменат.
На видеата има се. Тоа го потврдува Дени Роуз: „Изгубивме еден меч но ми кажа дека не бев лош. Следниот ден дојдов кај него во канцеларија а таму ме сочека со 26 клипови на кои ми покажуваше што правам неправилно“. Почетино е љубител и на мотивациски видеа. Виктор Ванјама, еден од најомилените фудбалери на аргентинскиот трене кој го купи во Саутемптон а потоа и во Тотенхем раскажал забавна анегдота.
После преминот во Лондон Ванјама се сретнал со Почетино кој го тргнал на страна да го праша како живее неговиот помлад брат. Кениецот се зачудил: „Јас немам помал брат, шефе“. Тогаш Маурисио му пуштил видео од неговите први денови во Англија - за да им покаже на сите како растел Ванјама во Англија.
И уште еден пример.
Почетино ги собрал сите играчи, тренери и клупски работници. Повел разговор за важноста на секој човек, на секој вработен во клубот. И неочекувано му дал признание за „Перформанс на неделата“ на Стив, кабинерот задолжен за опремата.
„Ти направи нешто посебно, ја жртвуваше својата безбедност за да ја спасиш екипата“, му кажал сериозно а сите гледале избезумени.
„Пуштете видеото“, рекол Почетино.
На голем екран играчите виделе како Стен ставил една од високите кукли кои ги користат на тренинг на совозачкото место во количката за тренинг. Во еден момент додека одел кон возачкото седиште колата сама почнала да се движи. Стен трчал по неа брзо и ја запрел за никој долу да не настрада. „Ние се пукнавме од смеење, а Стен гордо го прими трофејот“, се сеќава Дени Роуз.
Шоуто со Адебајор
Емануел Адебајор е позната “будала“. Расказот на легендарниот норвешки стопер Бреде Хангеланд за тоа како Тогоанецот еднаш за време на мечот му се жалел на глад и го прашувал кои се најдобри ресторани во Лондон станал еден од најголемите хитови на Островот.
Кај Почетино Адебајор одигра цела сезона, но Маурисио не го памети баш по добра играл. Еднаш Емануел одбил да тренира откако дознал дека не е во составот. Отишол во кабинетот на Почетино и незадоволен го прашал: „Што бидна? Зошто вчера не ми кажа дека нема да бидам во составот?“
Тренерот му одговорил дека не бил баш сигурен а Адебајор му одговорил: „Го пратив возачот дома заедно со колата. Сега што да правам? Да викнам такси? Не ми се верува!“