Светско првенство 2026

Скапи влезници, полупразни трибини и триумф на Јужна Кореа

По свеченото отворање и шоуто кое го приреди Шакира, домаќинот Мексико на стартот на Светско 2026 ја совлада Јужна Африка 2:0. После нив играа Јужна Кореа и Чешка. Корејците славеа 2-1 после пресврт со головите на Хванг и Хјон-гју.

Чешка прва поведе после интересниот гол на Ладислав Крејчл по асистенција од аут на Цуфал. Корејците израмнија со прекрасен гол на Хванг кој измрда двајца противнички играчи и голманот. Победата им ја донесе Хјон-гју.

Овој натпревар се одигра на стадионот „Акрон“ во Гвадалахара кој собира 50.000 гледачи. Но поради прилично скапите влезници на целото Светско, синоќа на дуелот Јужна Кореја - Чешка имаше делови од трибините кои беа празиФИФА соопшти дека официјално 44.985 гледачи го следеле натпреварот во Гваладахара но празните седиште како да ги демантираа.

Од Светската фудбалска организација соопштија дека досега продале повеќе од 6 милиони влезници за Светското и дека имале голем интерес за карти од Северна, Централна и Јужна Америка.

12 јуни 2026 - 09:14