Има нов светски рекорд во специјалноста во лесна атлетика, во трките со пречки на 110 метри на кои мора да се трча брзо и да се прескокнуваат 10 пречки високо повеќе од еден метар во најбрзо време.
На патеката на Хајвард Филд во Еуџен, во Орегон 20-годишниот Џејкоб Тарп поставил нов светски рекорд кој не беше урнат цели 14 години!
Рекордот доаѓа од американски универзитет а не од Олимписки Игри или Светски првенства па токму затоа веста е и уште посензационална.
Со време од 12 секунди и 75 стотинки, Тарп поставил нов рекорд, го урнал претходниот кој го држел Ариес Мерит од САД од митингот во Дијамантската лига во Брисел во 2012-та.
Мерит во истата година освои и златен медал на Олимписките Игри во Лондон и неговиот рекорд во Брисел беше 12 секунди и 80 стотинки што значи дека Тарп бил побрз за само пет стотинки што во спринтот не е воопшто „малку“.
JA'KOBE THARP ARE YOU KIDDING ME 🤯 12.75
— NCAA Track & Field (@NCAATrackField) June 11, 2026
✅ NCAA RECORD
✅ WORLD RECORD#NCAATF x 🎥 ESPN / @AuburnTFXC pic.twitter.com/YuN7crt8kc
Доказ за тоа е што во последните 20 години само 9 спринтери со пречки успеале да истрчаат време меѓу 12,90 и 12,80.
Тоа е како да се истрча маратон за помалку од два часа.