На Станфордската енциклопедија по филозофија ѝ се потребни 28.250 зборови за да го објасни концептот на релативизам. На Џенис Карерас му е доволен само еден цртеж.
Помеѓу 130 новооткриени документи на ЦИА се наоѓаат и меморандуми кои зборуваат за вмешаноста на оваа агенција во печатењето и диструбицијата на славниот руски роман, кој бил забранет во СССР.
Прв пат го забележавме Том Голд преку неговото стрипче за улицата на која растел Вејтс. И кога би требало да се одлучиме помеѓу него и, на пример, xkcd на Рандал Манро, тоа навистина би бил тежок избор. За среќа никој не го бара тоа од нас.
Во новата книга „Скршена алелуја: рокенрол, покајание и животот на Леонард Коен" од Лиле Либовиц има една луда епизода. Во неа, на почетокот на својата кариера, тогаш речиси непознатиот кантавтор свири за една благородна и софистицирана публика во - психијатриска болница.
Добредојдовте во новата Букбокс рубрика, во која твитерџии гледаат филм и коментираат за него. Како за прв пат формиравме „работна група", која би сакале да ја прошириме со вас.
Одамна не ми дошло уште во првата реченица да напишам: Ова е баш убава книга.Барико, по образование пола филозоф, пола музичар, стана познат по неговиот краток роман „Свила".
Часови со професор во воз за наши услови е незамисливо. Но како би било во автобусите да се пуштаат лекции по кој и да е странски јазик? За некој кој секојдневно шпарта од Ѓорче до Железара тоа по една година може да значи диплома за завршен курс. А за возачот - магистратура.
Дружејќи се со луѓе кои го разбираат мајтапот со ближните како врвна форма на љубов, сме биле сведоци на главно бенингни, но крајно креативни заебанции, кои секако не биле ограничени на 1. април. Но некои размислуваат порадикално, а притоа користат и соодветна опрема со висока пренковска моќ. На пример - четкичка за заби.
Ч'џм Џунба Ринпоче (Chögyam Trungpa Rinpoche) бил контроверзна фигура, чии учења дел од постарите лами ги нарекувале „луда мудрост". Но тој извршил големо влијание врз ширењето на тибетските духовни учења на Запад, а еден од неговите ученици бил и Ален Гинзберг.
Вчера вечер (26.3) Пети Смит отвори голема ретроспективна изложба на фотографии на нејзиниот поранешен партнер и пријател, кој почина од сида во 1989, на 42 години.
Ликот на чичко Карл Фредриксен од цртаниот на Пиксар, кој одбива да се исели од неговата куќичка за на нејзино место да бидат изградени облакодери, има пандан во реалниот живот. А тој, животот, понекогаш ја надминува фикцијата.
Една од работите заради која Њујоркер е препознатлив и читан се неговите стрипчиња. Боб Манкоф, вчера (25.3) издаде книга за неговото искуство како цртач и уредник на оваа рубрика.
Пред некое време најавивме дека поранешниот пејач на француската рок група од седумдесетите Téléphone, Жан Луј Обер, се подготвува да издаде соло албум чии стихови ќе бидат преземени од најновата книга на Уелбек. Еве го првиот сингл од албумот.
Рандал Манро, креаторот на култниот стрип xkcd (за кој пишувавме тука) објави дека напишал книга. За само 24 часа таа стана бестселер, иако ќе излезе дури во септември.
Како што ние се обидуваме да комбинираме наслови на вести за да добиеме некаква песничка која има смисла, така и Рејмон Кено смислил систем за генерирање песни со комбинација на стихови. Само за да ги прочитате сите негови ќе мора малку подолго да поживеете.
„Гас и јас: приказната за дедо ми и мојата прва гитара" е прва книга за деца на славниот Кит, илустрирана од неговата ќерка Теодора. Дедо му, Теодор Аугустус Дупре, на кого се однесува книгата, свирел џез во биг бенд и го вовел Кит во музиката.
Ако Саша Греј се покажа како просечна авторка на еротски роман, нејзината колешка Џени Кетчам го има целиот потенцијал да заглави во патетична исповед, и јавајќи на бранот на за кратко продолжената слава со ваков тип соголување, на кое публиката исто така мастурбира колку и врз нечии физички голи слики, да исцеди уште некој долар до следниот „проект".
Eден од начините на кои некои современи жени искажуваат отпор кон хегемонистичката и шовинистичка машка културна матрица е одлуката да не им биде гајле дали влакна им штрчат од под мишка или им ѕиркаат од под хулахопка. Но практиката на женско „обезвлакнување" е историски долга, а во отсуство на креми за депилација и бричеви знаела да биде и опасна.
Што би рекол Платон за Гугл, магнетна резонанца или за Сител - тоа се оние прашања кои на прв поглед делуваат евтино, но од друга страна овозможуваат таков увид во ставовите на античките филозофи кои инаку делуваат неповрзано со современиот живот.
Музички овие три композиции на Моцарт звучат „нормално", сè додека не се заслушате во стиховите. Или човекот се забавувал, или тие се резултат на „импресивниот список" психијатриски проблеми кои наводно ги имал. Еве ги, без цензура.
Да ја ситниш четвртата деценија е малку зафркнато. Шансите некои работи да се случат по прв пат, или да се повторат, се тенчат. На пазар уште те викаат „девојче“, ама во продавница „госпоѓо“. Виктор Иго ја нарекувал оваа возраст „старост на младоста“, и имал право. Затоа што во неа е содржана и мудроста на искуството, но и желбата уште да се колва од трошките на лудоста.
Секој оној кој се мачи да напише тн. „стручен“ текст, а ја има вкусено сласта на брзопотезното лежено изразување во 140 карактери, ќе знае што мака имал Јаросински. Но дали афоризмите навистина се неакадемски и несериозни, или тие биле основна алатка на изразување и на големите филозофи?
Одамна во нашиот град не дошол асален циркус, кој би нè оставил без здив. Или пак ние сме остареле и сме заборавиле да им се радуваме. Дека сепак порано циркусот нудел многу повозбудливи доживувања од сликање со пони покажуваат и овие постери.