Едит Мејсфилд, родена 1921 во Орегон, лажела дека е полнолетна за да се приклучи на трупите за поддршка за време на Втората светска војна во Англија. Дури и кога било откриено дека уште нема 18, таа останала преку океанот за да се грижи за ранетите и сирачињата, сè додека заради болеста на мајка морала да се врати во САД. Нејзиниот единствен син умрел на 13 години од менингитис.
Живеејќи осамено, таа единствена утеха наоѓала во старата селска куќа во која живеела во Сиетл, која ја потсетувала на убавите моменти со семејството. Исто како што мајка ѝ сакала да умре на каучот во дневната, а не во некоја институција, така и Едит решила да не ја напушти куќата до крајот.
Но населбата во која се наоѓала станала атрактивна за нови градби, и одеднаш почнале притисоци Едит да го продаде земјиштето. Во 2006 нејзе ѝ биле понудени милион долари, но таа ги одбила. „Не се селам. Парите не значат ништо", изјавила таа, и станала локален херој. Кога булдожерите почнале со својата работа околу куќата, таа едноставно го ставила телевизорот погласно. „Имам поминато низ Втората светска војна. Бучавата не ме вознемирува. Еден ден ќе завршат".
Бери Мартин, раководителот на градежните работи за проектот околу куќата на Едит, од љубопитство се запознал со неа, и тие станале пријатели. Кога таа се разболела од рак на панкреас, тој две години ја носел по лекари, ја хранел, и ги слушал нејзините приказни за нацистите и како шпиунирала за сојузниците.
Едит умрела во 2008 на 86 години, во нејзината куќа, токму како што сакала. А неа му ја оставила на Бери. Инспириран од ова искуство, тој во 2013 напишал книга под наслов „Под еден покрив: лекциите кои ги научив од една силна старица во една стара куќичка". Истовремено почнал да се организира локален музички фестивал, посветен на зачувувањето на независниот дух како оној на Едит. Локален тату уметник дизајнирал тетоважа во чест на Едит и нејзината куќа, како симбол на „борбата за она што ти е важно".
Во 2008 куќата била продадена за 310,000 и ќе се користи како центар за обука и дружење, и иако била значително проширена, оригиналната куќичка е дел од градбата.
Антологиската сцена од „Ап", која зборува за минувањето на времето и тоа што останува - она кое го нарекуваме нашиот живот.