Се викала сестра Розета Тарп и е една од многуте жени маргинализирани од музичката историја. Нејзиниот начин на свирење гитара и пеење госпел го трасирал патот за Елвис и за многумина други.
Поп музиката не за почнала со Битлси во 1963, ниту со Елвис во 1956, па дури ни со првите сингл-плочи од 1949. Историјата на овој жанр има врска со името на американски композитор чии песни многумина ги сметаат за „народни“, односно дел од големата американска „песнарка“.
Mу дадоа Нобел за книжевност, но Дилан нема напишано книга од 2004, кога излезе првиот дел на мемоарот „Хроники“. Сега, наместо вториот дел кој одамна се очекува, тој најави книга на навидум поинаква тема.
Кога не само еден човек, туку голем број луѓе верува дека некој настан се случил, иако тоа не е така. Кое би можело да биде објаснувањето за овој феномен?
Љубовта помеѓу Битлси и Дилан била еднонасочна - четворицата му се восхитувале на талентот на Американецот. Овој пак не се воздржувал да ги исмева, кодирано ама сепак јавно.
Кога ќе направиме нешто добро за човек кого го знаеме, ретко помислуваме на сите оние луѓе на кои истовремено не сме им помогнале, а уште помалку на оние кои страдале како резултат на нашата првична помош. Дали фаворитизмот е всушност зло?
Некако не ни се верува дека поминале толку години. И тогаш, на 13 јули 1985, ни беше јасно дека станува збор за голем настан. Триесет и пет години подоцна, делува како нешто што никогаш повеќе нема да се повтори - 16 часа врвна музика, која преку 13 сателити и голем број ТВ приемници (во нешто што денес изгледа како „камено доба на телевизијата“) поврза скоро 2 милијарди луѓе.
Среде глобалната окупација која ни се случува поради пандемијата на коронавирусот, Боб Дилан слободарски реши да крикне, да го прекине авторскиот целибат и после цели осум години да направи нова песна. За убиството на Кенеди.
Вчера, 6.3., десетина вработени во познатиот издавач Ашет организирано излегоа од њујоршката канцеларија на фирмата, како протест против објавувањето на автобиографијата на Ален. Тоа, заедно со уште куп реакции, придонесе истиот ден Ашет да ја повлече својата одлука.
2014 меѓу другото ја одбележаа два настани: 100 годишнината од раѓањето на велшкиот поет Дилан Томас и епскиот научно-фантастичен филм „Интерстелар". Нивната точка на средба е славната песна на Томас, Do not go gentle into that good night, која во филмот се цитира неколку пати.
Иако на моменти балансира на фината граница на мелодрамата, филмов не може а да не ве освои. Причина: во него игра Бил Мареј, и тоа во тандем со едно преслатко дете.
„На сцена, водам љубов со 25,000 различни луѓе. Потоа одам дома сама", изјавила еднаш Џоплин. Таа во нејзината кариера сепак не била сосема сама - го имала Џон Брн Кук.
Воочи утрешното прогласување на добитникот на Нобел за книжевност, Боб Дилан објавува книга-капиталец, која тешко дека може да ја тркалаш како камен, а нема шанси ни да ја дувне ветар. Може сака да порача - ако покрај толку муабети дека ќе ја добијам пак не ми ја дадете, сега бар имам со што да ве мавам по глава.
Пет шведски професори и истражувачи признаа дека го цитирале Дилан во стручни статии. И дека се натпреваруваат меѓу себе кој ќе успее да протурка повеќе од нив пред пензија.
Eден ден по неговиот 80-ти роденден, и два дена пред официјалното излегување на новиот албум кого веќе го излижавме од преслушување, рецензија за првиот албум на Коен, од далечната 1968. Не знаеме што прави во моментов извесниот г-дин Шмит, ама сигурно до сега неколку пати си гризнал тастатура.
На сајтот на Дилан се појави нова песна - преработка на „Полна месечина и празна прегратка", чија најпозната верзија е онаа на Синатра од 1946. Но нејзината основа всушност е во класичната музика.
„Гас и јас: приказната за дедо ми и мојата прва гитара" е прва книга за деца на славниот Кит, илустрирана од неговата ќерка Теодора. Дедо му, Теодор Аугустус Дупре, на кого се однесува книгата, свирел џез во биг бенд и го вовел Кит во музиката.
Ако пред-дилановската сцена на Гринич Вилиџ не ви прави мерак, и ако саундтрак сам по себе не ви е доволен за да прогласите некој филм за добар, тогаш овој не е за вас. Единствено може да помогне ако сакате мачки.
„Уште колку деца треба да умрат пред да се сменат законите за огнено оружје во САД" - ова е очајниот повик кој го упатуваат Американците по завчерашното пукање во Конектикат. Но фокусирајќи се на достапноста на оружјето, дебатата не зема предвид еден позначаен проблем - оној на менталното здравје.
Снимен во 1984., Various Positions беше единствен албум на Коен одбиен од неговата дискографска куќа. Речиси никој не забележал кога песната сепак излегла, под независна етикета. Оттогаш, преку десетици кавери и како дел од филмска или телевизиска музика, „Алелуја" стана антологиска.
Од застапените само за Боуви знаеме дека студирал сликарство, па можеби затоа серијата негови автопортрети од 90-тите минатата недела е продадена за 6,500 фунти. Но и другиве не се лоши.
Од денес (8.10), со доделувањето на Нобел за медицина, почнува неделата на оваа престижна награда. Како и секоја година и оваа има драми околу некои од правилата и погодување на можните добитници во сите категории. Да видиме што се случува кај писателите.
Во мега-интервју за Ролинг Стоун по повод излегувањето на неговиот 35. албум, Дилан кажа разни интересни работи, ама со една споредба си ги запечати шансите за некогаш да летува во Дубровник или на Брач.