Полно-празно

Нова песна на Дилан

На сајтот на Дилан се појави нова песна - преработка на „Полна месечина и празна прегратка", чија најпозната верзија е онаа на Синатра од 1946. Но нејзината основа всушност е во класичната музика.

„Полна месечина и празна прегратка" е песна од 1945 на Бади Кеј и Тед Мосман, а базирана на Пијано концертот број 2 на Рахмањинов. Покрај Дилан и Синатра, неа во својот репертоар ја имале и куп познати имиња. Еве некои од нив, и за крај самиот Рахмањинов.

Инаку обработката на Дилан се очекува да биде дел од неговиот нов, 36-ти по ред албум, под наслов „Сенки во ноќта“.

Новата на Дилан

Френк Синатра

Ерол Гарнер

Сара Вон

The Platters

Рахмањинов, химселф

15 мај 2014 - 09:18