Љубовта помеѓу Битлси и Дилан била еднонасочна - четворицата му се восхитувале на талентот на Американецот. Овој пак не се воздржувал да ги исмева, кодирано ама сепак јавно.
За да те почитуваат клинците на кои можеш да им бидеш дедо, не можеш само да бидеш строг со нив. Мора да изнајдеш начин на кој взаемно ќе се респектирате. Еднаш Дешам им пуштил современ рапер во автобус, тие му вратиле со баритон и класика од негово време.
Кога ќе направиме нешто добро за човек кого го знаеме, ретко помислуваме на сите оние луѓе на кои истовремено не сме им помогнале, а уште помалку на оние кои страдале како резултат на нашата првична помош. Дали фаворитизмот е всушност зло?
Некако не ни се верува дека поминале толку години. И тогаш, на 13 јули 1985, ни беше јасно дека станува збор за голем настан. Триесет и пет години подоцна, делува како нешто што никогаш повеќе нема да се повтори - 16 часа врвна музика, која преку 13 сателити и голем број ТВ приемници (во нешто што денес изгледа како „камено доба на телевизијата“) поврза скоро 2 милијарди луѓе.
Среде глобалната окупација која ни се случува поради пандемијата на коронавирусот, Боб Дилан слободарски реши да крикне, да го прекине авторскиот целибат и после цели осум години да направи нова песна. За убиството на Кенеди.
Вчера, 6.3., десетина вработени во познатиот издавач Ашет организирано излегоа од њујоршката канцеларија на фирмата, како протест против објавувањето на автобиографијата на Ален. Тоа, заедно со уште куп реакции, придонесе истиот ден Ашет да ја повлече својата одлука.
Во новиот мемоар, музичарката и писателка ја опишува 70-тата година од својот живот. Книгата е главно мрачна и тажна, но со голема енергија да се раскаже и така да се преживее.
Краткиот одговор на прашањето од насловот е дека измислени работи во филмот има многу. Ама тоа не е причина да не слушате два и кусур саати одлична музика.
Најголемо изненадување на сезоната се сметаше Ајакс, но од пред неколку дена малиот Кардиф Мет Универзитет од Велс од нигде никаде му го зема приматот на славниот клуб од Амстердам.
Една од оние личности кои се постојано во друштво на најславните, но и покрај тоа (или заради тоа) постојано во сенка. Тоа не е причина да не се издаде сопствен албум и на прагот од седмата деценија.
Во терористичкиот напад на две џамии во Крајстчрч, Нов Зеланд od 15.3 беа убиени најмалку 49 луѓе, а 20 беа ранети. Убиецот, кој е уапсен, претходно напишал анти-имигрантски манифест, во кој, меѓу другото, цитира една славна песна.
Патакот во интервјуа некогаш знаеше да биде дрчен, да гунѓа, да е незадоволен од третманот... просто, да го има „малку премногу“. Денес е сторен прав поглавица: мек и стишан, ненаметливо мудар, комплетно во синк со тоналитетот на своите емоции. Убаво интервју за една бугарска телевизија во кое новинарката (иако со ужасна дикција!) знае да постави вистинско прашање и потоа да му го препушти лулето на „Бикот со жичана душа“.
Лес Пол и Лео Фендер биле јаки конкуренти. Но нивното ривалство ги водело во иста насока - кон спојот на жичаниот инструмент со електричната струја, кој го сменил текот на музичката историја.
Во 2016 ја претставивме книгата „Музика и муабети: колекција музички интервјуа“ од Ненад Георгиевски. Две години подоцна излегува вториот том - „Уште музика и муабети“. За третиот, за кој сме сигурни дека има материјал, ќе треба да се смисли нешто повеќе од „уште“. „Поуште“?
Денес, 9.11, во Лондон почна серијата мечеви помеѓу актуелниот светски шампион во шах, Норвежанецот Магнус Карлсен и Американецот со италијанско потекло Фабиано Каруана (кој во живо може да се следи тука). Добар повод да видиме кои од актерите, писатели и музичарите сакале и играле шах.
По форумите за класична и современа музика често пати се прават листи на најсложените нотни записи и најоткачените дела. Неколку од нив се повторуваат, но едно отскокнува по своето лудило.
Лука Гвадањино, режисерот на прекрасниот Call Me By Your Name кој доби Оскар за најдобро адаптирано сценарио (а заслужи и повеќе), објави дека неговиот следен филм ќе биде eкранизирање на албумот Blood on the Tracks од Нобеловецот, господин господин Боб Дилан.
Шанур Варинаг Азнавуријан, или Шарл Азнавур, Ерменецот роден во Париз кој почина на 94 години, во текот на својата долга кариера продаде повеќе од 100 милиони албуми во 80 земји, и беше автор на над 1300 песни. Но неговиот топол тенор знаеше да испее и нешто повеќе од само „лајт“ шансони.
Големите полека заминуваат и не изгледа дека имаат достојни наследници. Арета била првата жена примена во Рокенрол халата на славните, а нејзината петдецениска кариера го оправдува епитетот „кралица на соулот“.
„Што бе, Сачмо почнале да го ставаат врз цигари?“ - се изненадив кога на кафанска маса го видов тутунот на другар ми. „Не бе, налепница е, сами ги правиме“, ми вика тој.
Зошто е важно тоа дека македонски цртачи биле вклучени во големи проекти во некогашна Југославија, а од таму и во Европа? Затоа што тоа ни кажува дека локалната стрип историја е со многу подолга традиција, и дека е многу побогата, отколку што тоа обично се претпоставува.