Сè повеќе облека се прави од алпака. Обично се купуваат од мали стада во Перу каде што се одгледуваат со векови и сè повеќе дизајнери и дуќани се фаќаат решаваат да работат со новата „волна“.
Идеалната жена во 19 век има бледа, речиси провидна кожа, заруменети образи, црвени усни, бели заби и блескави очи. Слаба е и има елегантна клучна коска. Може и да е склона кон онесвестување. Погодете зошто.
Очекувавме да изначитаме кукања за застареноста на серијата и ултра-навреденост за некои појави, ама Рајан Филип од Вог, со своите 23 години едноставно - изгледала и кажала. Патем, серијата има 25 години.
Диет_Прада труби за нешто што го вика „SHEIN propaganda trip“, а американските инфлуенсери што отидоа (на бесплатно патување) да ги видат условите во огромната фабрика за производство на облека тврдат дека пропагандата доаѓа од дома.
Се ближи новата Мет Гала - најважниот настан во модниот свет и сите полека се спремаат да судат и да коментираат за тоа што доаѓа. Особено е контроверзно - темата е Карл Лагерфелд, а него безуспешно постхумно пробаа да му направат кансел.
Последниве неколку години се изнагледавме сјајни, бели кујни, лажни крзнени килими и многу, ама сериозно многу нијанси на розево. Сепак, деценијата завршува и со неа стиловите за уредување што ги донесе, па да видиме, што предвидуваат професионалците за 2020?
Ризично е во денешно време да се залагаш за женски права, особено ако го погледнеш последниот инцидент со писателката на Хари Потер. Ѝ се стрчаа со бакљи и вили да ја палат, ја викаа бабетина, глупача, ѓубре и ужасно грда. Кој? Твитерџии, оф корс. А злосторот? Дека одбрани жена што сакаше да го изрази своето мислење за постоењето на пол и род, без да ја изгуби работата.
Новото дејствие ќе биде осум години по крајот на старото и овој пат, креаторите се решени поточно да го рефлектираат светот на њујоршките тинејџери - што значи дека фановите конечно можат да очекуваат повеќе разноликост кај екипата.