83-годишната костимографка на „Духовите од Инишерин“

Филмот веќе има награди за актерите и авторот, но луѓето веќе забележуваат дека не се само Фарел и Глисон што блескаат во филмот.

Плетените парчиња во „Инишерин“ исто така добиваат пофалби од критиката, а се дело на 83-годишната Делија Бери, чии џемпери имаат стигнато дури до Вог.

Не ни разбира до крај „што е толку голема работа“.

Дејствието е на остров оддалечен од западниот брег на Ирска во ‘20-те и раскажува за двајца пријатели што се скаруваат откако едниот одлучува дека не му се дружи веќе. Филмот да го гледате, боли глава колку е добар.

А за да ги создаде плетените ствари автентични за тој период, дизајнот го базирала на фотографии од пред 100 години.

Омилена креација ѝ е црвениот џемпер на Колин Фарел.

За Бибиси Радио рече:

„Се гордеев со тој на Колин Фарел кога го завршив. Работев по стара фотографија од 1921. Беше многу тешко да се погоди бидејќи фотографиите беа црно-бели и многу зумирани. Тешко беше да се види каква е плетката, но ми успеа.

Мораш да се вратиш понекогаш на самиот почеток. За Брендан Глисон се враќав на дупката на ракавот да почнам од почеток.“

Бари плете 70 години, но прв пат влегува во светот откако пријател ја запознава со костимографката Имер Ни Велдауниг која беше ангажирана за „Инишерин“.

Откако ги завршила џемперите, се работело на нив да се „остарат“ и да изгледаат носени. Ова понекогаш опфаќа правење дупки во алиштата, нешто што Бари признава дека не ѝ било пријатно, особено кога толку внимаваш на детали.

„Уште не ми се верува дека има толку интерес,“ вели таа. „Кога плетеш цел живот, тоа се само обични џемпери.“

1 март 2023 - 11:49