Мора да се прочита:

Најубавите вести од 2019

Преку глава од грдо. Да видиме на што можеме да се израдуваме.

1. Малави добива женски поглавар. 1500 бракови со деца се поништени, донесен е закон кој ги прави нелегални и девојчињата се враќаат назад во школо.

2. Седум јајца од последните два бели носорози се успешно оплодени и ова може да го спаси видот.

3. Амазон победи во правната битка против нафтените компании и сега нема веќе копање по Амазонската шума.

4. Во Шведска, секој крводарител добива порака кога неговата крв ќе спаси живот.

5. Еден човек во Индија садел дрво секој ден, 35 години, и направил шума поголема од њујоршки Централ Парк.

6. Норвешка одлучи да не вади нафта (и со тоа да изгуби 53 милијарди евра) од островите Лофотен за да го заштити нивниот екосистем.

7. Морските желки се враќаат - популацијата им е зголемена за 980% (!), благодарение на проект за загрозени видови.

8. Супермаркетите во Тајланд отфрлаат пластични пакувања и ги виткаат производите во листови од банана.

9. ХИВ-позитивен човек од Лондон е втора личност на која комплетно ѝ е уништен вирусот во крвта после трансплантација на матични клетки.

10. Холандија е првата земја без улични кучиња.

11. Во Рим, метро можеш да платиш со пластични шишиња. До сега се рециклирани повеќе од 350.000 шишиња.

12. Канада доби закон според кој е нелегално да се заробуваат делфини и китови за забавување народ.

13. Јужна Кореја организира денски диско забави за луѓе над 65, заради справување со осаменост и деменција.

14. Во Калифорнија во пет шоп може да се продаваат само спасени животни и и животни од шелтер.

15. Холандија покрива стотици автобуски станици со растенија - „Зелени покриви”, за да можат да се сокријат пчели во нив.

16. Еден „Клуб за гушкање” во Сан Франциско спојува стари луѓе со стари кучиња за да се дружат, да се сакаат и да се шетаат заедно.

17. Едно прекрасно село во Индија слави раѓање на девојчиња со садење 111 дрва секогаш кога ќе се роди женско. Имаат посадено над 350.000 дрва.

18. Научници во Финска успеале да направат вакцина за борба против „апокалипса на пчели”.

19. Германски циркус почна да користи холограми од животни во обид да стави крај на суровост кон животните.

20. Откриена е неотровна печурка што јаде пластика и може да ни ја исчисти планетата.

21. Откако се покажало дека 1500 луѓе годишно се самоубиваат, Шведска ја воведува првата Брза помош за ментално здравје.

22. Јужна Кореја порано рециклирала само 2% храна. Сега, благодарение на паметни канти и биоразградливи кеси, рециклира 95%.

23. Грбавиот кит се враќа од работ на уништување. Имаше само неколку стотици, сега има 25.000.

24. Перу забрани сечење шуми заради производство на палмино масло.

25. Циркуси и зоолошки нема веќе да можат да земаат слончиња од дивината затоа што сега има речиси тотална забрана.

26. За да се зголеми популацијата на пчели во Лондон, им направија „пчелен коридор” со диви цвеќиња долг 11 километри.

27. Холандија изгради 5 вештачки острови за да зачува видови. Во првите две години, вратени се 30.000 птици и 127 видови растенија.

28. Како решение што би спасило илјадници животи, научници успеале сите крвни групи да ги конвертираат во Нулта, безбедна за сите пациенти.

29. Откриено е дека со високо-еволуираното чувство за мирис, кучињата можат да детектираат рак со неверојатна точност.

30. Креаторот на Фортнајт купува илјадници хектари шума за да ја спаси од сечење.

31. Обновливите извори прават една третина од глобалниот капацитет на енергија.

32. Светот е позелено место отколку што беше пред 20 години, според една сателитска студија на НАСА.

Овде има и илустрации за секоја вест посебно.

Убав ден!

20 декември 2019 - 10:17