Неделна доза ентериер:

Корален ходник и розева кујна?

Се издржува. Ако не седиш многу во ходник.

Софи Конран, дизајнер на ентериер, готвачка и авторка, живее во луксузен стан во Лондон и ѝ доаѓа камера на гости.

Првото прашање што ти паѓа на памет е, озбилни се сите дизајнери со боите по дома, или се живи неприбрани, па нас нè фураат дека така треба?

Најлогичниот одговор е дека, веројатно се работи за луѓе што ако им се здосади - едноставно менуваат, и не влегуваат со идејата дека кога ќе го направиш, треба така да издржи 20 години. Од тие причини и сме заглавени со кујни „боја бебине каке”, додека Софи Конран има розев ѕид, бели елементи и црн шпорет.

Сепак, напорен е тој ходник.

Убаво е да пофлертува човек со боја (како тука), ама тенка е линијата меѓу таман и премногу.

Сепак, станува понормално како што се придвижува кон простории каде што природно поминуваш повеќе време.

Кујната е ведра и мека, а дневната веќе добива беж и бели нијанси и еден ужасно досаден под. Работната соба нема ниедно, единствено претерување.

Што би значело дека може да послужи сево ова како инспирација. Не се плашете од бои, само бидете мудри со распределбата.

Еве како тоа го решава Софи Конран:

13 декември 2019 - 14:41