Од фризура до рак на дојка?

Има нови истражувања што упатуваат дека имаме ново за секирање - бојадисување на косата и хемиско исправање е врзано со - рак.

Со тестирање на животни се доаѓа до поврзаност меѓу одредени хемикалии во трајната боја за коса и оние хемиски третмани за исправање на косата, но сепак, истражувањата направени со луѓе не се толку постојани.

Се анализирале податоци од подолга студија наречена „Сестринска студија” и се прегледувале медицински досиеја и начини на живот на 46.709 жени на возраст од 35 до 74. Одговарале на прашања за употреба на фарби и исправање и додека претходни истражувања покажуваат зголемен ризик главно кај бели жени, новото истражување вклучува и 9% црнкињи.

„Врската е забележително постабилна кај црните жени,” вели Александра Вајт, епидемиолог, автор на истражувањето и истражувач на ризик-факторите за рак на дојка.

После осум години следење, Вајт открива дека трајната боја за коса ги става луѓето на околу 7% поголем ризик од развој на рак, ако се бели, а дури 45% ако се црни.

Како за беља, сè уште не знаат кои точно состојки во производите се главниот причинител.

Кога се работи за хемиско исправување, ризиците не варираат по раса - и црните и белите жени имале 30% повеќе шанси за развој на рак на дојка отколку оние што не го користат овој метод. Истовремено е забележано дека црнкињите почесто ја исправаат косата хемиски.

„Една од поглемите причини за загриженост во овој случај е формалдехидот, кој е познат карциноген,” вели Вајт. Забележува и дека во раните 2000-ти, пред да почне истражувањето, на пазарот доаѓаат бразилските кератински третмани, а прозиводите со кои се изведуваат содржат формалдехид.

Сепак, резултатите треба да се примат заедно со контекстот, затоа што на крај, според медицинскиот онколог Др. Отис Броли, ризикот од ова погоре е далеку помал од, на пример, тутун или радијација. Но, додава и дека потребни се уште истражувања за да се види колку точно се ризични овие производи.

Во меѓувреме, наведува други фактори врзани со стилот на живот што се посериозно поврзани со ракот и многу поважни за фокусирање, како конзумирање на премногу калории, недостаток на вежбање и гојазност.

5 декември 2019 - 12:59