Госип Грл се враќа со подобро претставена младина

Новото дејствие ќе биде осум години по крајот на старото и овој пат, креаторите се решени поточно да го рефлектираат светот на њујоршките тинејџери - што значи дека фановите конечно можат да очекуваат повеќе разноликост кај екипата.

„Немаше многу добро претставување првиот пат,” вели сценаристот и извршен продуцент Џошуа Сафран. Јас бев единствениот геј сценарист цело време.”

Покрај тоа што немало диверзитет зад кулиси, и меѓу главните актери во оригиналната „Озборувачка” немаше луѓе од други раси и ЛГБТ. Сите шест главни ликови - Блер Волдорф, Серена ван дер Вудсен, Ден Хамфри, Нејт Арчибалд и Џени Хамфри беа бели. Само Ванеса Абрамс беше раса во боја, а братот на Серена, Ерик беше единствениот квир лик.

„Овој пат, главните ликови не се белци,” продолжува Сафран. „Има повеќе квир содржина. Се бавиме со светот како што изгледа денес, од каде доаѓа богатството и привилегијата и како се справуваме со тоа.”

Социјалните мрежи исто ќе играат поголема улога во новите сезони - Инстаграм почна да зема замав некаде при крај на серијата, па сега веројатно ќе го има повеќе. Потврдено е и дека новите настани ќе бидат во истиот универзум, и ќе се вртат околу животите на учениците во школото за девојчиња Констанс Билард.

Не е потврдено дали ќе се појави некој од оригиналната екипа, но Кристин Бел (гласот на Озборувачката) ќе се врати како наратор.

Е сега, дали ќе биде еднакво успешна или поуспешна од првата верзија? Затоа што, реални да бидеме, серијата беше обожавана затоа што беше приказна за еден куп привилегирани деца со недостижни животи какви што реален тинејџер нема, без разлика од какво семејство потекнува. Ако го направат премногу реално, нема ли да се добие онакво „Girls” како на Лина Данам, ама за помлади? Затоа што, ако е такво - чао.

12 ноември 2019 - 15:13