Што знаеме за Мет Гала 2023?

Се ближи новата Мет Гала - најважниот настан во модниот свет и сите полека се спремаат да судат и да коментираат за тоа што доаѓа. Особено е контроверзно - темата е Карл Лагерфелд, а него безуспешно постхумно пробаа да му направат кансел.

Целиот наслов е Karl Lagerfeld: A Line of Beauty. Дрес-кодот е Во чест на Карл. Значи многу веројатно ќе видиме преправени твидови, црни очила за сонце, високи штиркани крагњи, многу веројатно бели перики.

Самата изложба (бидејќи, во случај да заборавивте, Мет Галата е отворање на изложба) е спремена од страна на Ендру Болтон, кураторот на Центарот за костими и советничката на Карл, Аманда Харлех и ќе биде посветена на неговиот живот и кариера од 1933 до 2019. Но, наместо хронолошка ретроспектива, изложбата ќе го истражува „стилистичкиот речник на дизајнерот како што го изразуваше преку естетски теми кои одново и одново се појавуваат, од 1950-те до денес.

Меѓу поканетите се Пенелопе Круз која се појави на последната ревија на Карл, Дуа Лупа и Роже Федерер. Многу јасно дека ќе ја видиме Ким Кардашијан, само да се надеваме дека нема влезено во комуникација со нов музеј и нема побарано нов бесценет историски фустан, потоа Пријанка Чопра, Зендеја, Ријана, Лејди Гага, Били Ајлиш, Остин Батлер.

И стотици други.

И не им успеа да го откажат, бе.

Јес.

1 мај 2023 - 15:14