И нас вака за 8 март

Кој е најскапиот поклон што сте го добиле од партнерот? 

Прво, знаете дека Канје Вест е моден креатор и дека продава маици и гаќи во беж и бели нијанси и ужасни, ужасни патики по недоволно пријатни цени.

Еве нешто:

Второ, знаете дека неговата сопруга Ким Кардашијан наплаќа шест и седумцифрени суми за Инстаграм пост.

Знаете и дека од необјасниви причини, многу брендови за брза мода копираат од „големите” како Канје, па така стигнале и до копија од грозните патики.

Е па, еден таков бренд, на Ким Кардашијан ѝ нуди милион долари за да ги рекламира во Инстаграм пост. На Ким тоа ѝ се чини лукративно, па го споделува со сопругот, кој ја замолува да не поддржува брендови што така безочно го копираат неговиот уникатен стил составен од тренерки и маици и грди патики.

Ким се согласува.

И како што би направил секој сопруг, за Денот на мајката, се случува следното:

А бе... Исто.

2 декември 2019 - 11:59