Се вика Ванила-грл и има две карактеристики - удобно ѝ е и чисто. Носи неутрални тонови, лабава облека, косата ѝ е завлечена наназад и лицето ѝ е ослободено од тешка шмнка - можеби ете, сјај, моливче за очи и крем-руж. Кога ќе те викне на гости, ти нуди домашно макијато, фотелја од бело букле и ќебенце да си ги покриеш нозете. Околу тебе - мирис на шеќерни колачиња, а таа - шик и мазна, и тоа без никаков напор.
Трендот се припишува на една ТикТок мегаѕвезда - Аликс Ерл, иако го нема измислено таа и не го користи хаштагот на нејзините видеа. Но со мазната руса коса и големите сини очи, Ерл секако се вклопува во калапот и тешко е да се најдат контент-креатори од оваа категорија, а да не го следат овој изглед, иако има и бринети.
Проблемот на публиката е во идејата дека ова е малку расистичко и се жалат дека трендот е подобен само за убави, слаби, бели жени, без некој популарен да му текне да ги предупреди дека „ако не ви одговара трендот, што мора да го следите?“
Оливија Лејн, инаку црна ТикТокерка, сепак не е со неприкладни прашања.
„Не дека ви се потсмевам, ни вам ни на трендот, ама сакам да прашам, колку уште начини ќе смислите да кажете дека сакате беж?“
Ама, ТикТок ко ТикТок, задутре ќе им текне дека постои лиљакова, па магично и бежов ќе отиде во заборав... До некоја наредна година, кога ќе им текне да го рециклираат.