Имаме ли ние збор за „loafers“?

Како и да е, баш тие ни доаѓаат во мода на есен наместо патики.

Ако не знаете зошто, Вог одговара: Еднакво се лесни за носење и комбинирање како патики, плус ги открија и ги засакаа трендсетери и веројатно наскоро ќе ги гледаме насекаде. Лесно се вклопуваат во гардеробата, само она што треба да се прележи е препораката да се носат со бели чорапи.

Одговараат и за мажи и за жени, некои имаат шнола, можеби и малку штикла. Хејли Бибер ги носи, најчесто со оверсајзд капут или сако, а ако ви е малку, тогаш: Бела Хадид, Џиџи Хадид, Зои Кравиц, Емили Ратајковски и Камиј Разат.

Со леснотија се спојуваат со еден друг, малку почуден тренд: стари пари и тивок луксуз.

4 септември 2023 - 00:00