Најинтересни детали од биографијата на Франческо Тоти

Во септември 2018 излезе автобиографијата на Франческо Тоти - „Капитен“. Пишувана е во коавторство со познатиот новинар Паоло Кондо и во неа има многу приказни и анегдоти за животот на легендата. Ние ќе ги пренесеме во неколку дела. Ова е првиот.

Презентацијата на книгата се одржа во Колосеумот кој првпат во историјата беше користен за таков настан. Во Италија набрзо стана бестселер, влезе на листата на најпродавани книги во 2018 а до почетокот на јануари се продадени преку 110.000 изданија (21 евро чини книгата на италијански јазик).

ВО ДЕТСТВОТО РИМСКИОТ ПАПА ГО БЛАГОСЛОВИЛ УЧЕНИКОТ ФРАНЧЕСКО

Мајката на Тоти Фиорела постојано ја раскажувала таа историја и Франческо признава дека ни сам не би поверувал ако немала фотографија.

Кога Ческо бил мал ученик, целото школо отишоло во Ватикан на прием кај Папата Римски. Мајка му на Тоти се пробила во први редови за да биде многу блиску до Јован Павле II. Кога прошол покрај Франческо, Папата лесно го помазал по глава како и сите други деца кои така биле благословени лично од понтификтот.

После многу години, Фиорела Тоти била уверена дека Франческо бил избраниот од Папата затоа што токму него го бакнал во чело.

А легендата прозаично раскажува: „Бог има поважни дела отколку да се занимава со нечија фудбалска кариера. Папата ме бакна зошто бев како русокос ангел во светло бело елече. Крај на приказната.“

МОЖЕЛ ДА ЗАВРШИ ВО МИЛАН ИЛИ ЛАЦИО НАМЕСТО ВО РОМА

Во 1988 година, 12 годишниот Тоти со број 8 на дресот (десетката не му ја давале за да не летне во облаци), играл во нападот на „петлињата“ на клубот Лодиџани.

Еднаш на домашниот телефон лично заѕвонел Ариедо Браида, генералниот директор на Милан во најславните денови на овој клуб и најзаслужен за многу ѕвезди во екипата.

После неколку часа Браида седел на троседот во дневната соба кај фамилија Тоти. Мајка му, татко Лоренцо и постариот брат на идната ѕвезда на Рома, Рикардо седнале спроти него, а Франческо се пикнал во едно ќоше од собата зошто знаел дека право на глас во вакви ситуации тој нема.

„Драги Тоти. Претседателот Берлускони сериозни инвестира во клубот за Милан да стане најдобра екипа на свет. За две години купивме многу ѕвезди, но сакаме да пазиме и на младите. Паоло Малдини е симбол на нашата политика. Во Милан има многу скаути од Рим, и сите се воодушевени од талентот на вашиот син Франческо. Би биле среќни ако ни се придружи. Нема сомнеж дека Франческо ќе стане голем фудбалер и нема поголем клуб кој може да му помогне во тоа од Милан“, им рекол сјајниот преговарач Браида кој го донесе и Шевченко во Милан.

Со себе Ариедо понел договор според кој Франческо може да остане во Лодиџани на уште неколку години, но да ги одбива сите понуди од други клубови за договор. „Росонерите“ биле спремни да му плаќаат на Лодиџани за секоја одиграна сезона на Франческо кај нив околу 150 милиони лири (тогаш нова Alfa Romeo 75 чинела околу 26 милиони лири).

Но Тоти стариот одбил. 

Одлучил дека Франческо е многу мал да отиде сам од дома и дека нема да може да се снајде.

Набрзо клубот Лодиџани добил уште две понуди: од Рома и од Лацио. „Орлите“ давале пари, а „Волчицата“ играчи во замена, па Лодиџани бил повеќе за варијантата Лацио. Но изборот паднал на родителите. Од 9 години Франческо кога одел на стадион, одел да ја гледа само Рома. Мајка му Фиорела знаела за симпатиите на синот, но таа самата навивала за Лацио.

Кога брат му Рикардо приметил дека мајка му многу долго размислува, рекол на маса „Ческо сака во Рома и јас го поддржувам!“. Судбината на Тоти тогаш била решена.

МАЛКУ ФАЛЕЛО ДА ОТИДЕ ВО САМПДОРИЈА

Легендарното деби за Рома на 16 години кај српскиот тренер Вујадин Бошков ќе се памети засекогаш. На 19 години под водство на стариот Карло Мацоне кој беше тренер н Рома, Франческо стана стандарден првотимец.

Следната сезона 1996/1997 година новиот тренер Карлос Бјанки сакал да се ослободи од Тоти.

„На сите новинарски прашања тој велеше дека околу мене е створен нездрав притисок. За Бјанки јас бев обичен фудбалер, тој не виде перспектива во мене.“

Аргентинскиот тренер на Рома тогаш сакал во нападот да ја види ѕвездата на Ајакс Јари Литманен, а на Тоти му ја предложиле Сампдорија. Винченцо Монтела и Роберто Манчини му се јавиле и му кажале дека во Дорија ќе му биде преубаво.

„Многу ме болеше таа историја, но донесов решение: ако си одам од Рома, тоа ќе биде засекогаш. Никакви позајмици. Тоа беше прашање на принципи. Не бев спремен пар месеци да бидам ѕвезда, а потоа да се вратам пак како разочаран играч на кого не сметаат. Си ветив - пар години во Сампдорија, а потоа ако се јави некој гигант од Италија: само Милан, Интер или Јувентус“, пишува Тоти во биографијата.

Тоти требал да игра за младинската репрезентација на Италија, а после тоа да тргне за Џенова. Но повикот од Сампдорија неочекувано не стигнал и Франческо останал во Рим. За време на паузата, Рома играла пријателски натпревари - дошле Борусија Менхенгладбах и Ајакс со Литманен.

„Волчицата“ ги победила и Германците и Холанѓаните, а Тоти дал гол и на двата меча. Опкружен со новинари, претседателот на клубот Франко Сенси рекол: ’Тоти е подобар од Литманен. Ова го велам не зошто сакам да заштедам. Франческо никаде нема да оди. Тој е наша иднина.“

 Крај на I дел од серијалот извадоци од биографијата на Франческо Тоти - „Капитен“.