- Полуфиналните натпревари на XXII Меморијален турнир „Оливер Соколов – Сокол“ донесоа многу возбуда, борбеност и квалитетен фудбал, а по двете интересни пресметки познати се екипите што ќе играат за трофејот.
- Во првото полуфинале, Руди Компани обезбеди пласман во големото финале откако славеше со 3:1 против Кеги Моби СК 77777. Во вториот полуфинален дуел, по голема борба и неизвесен меч, Мега Лифтови и Јувентус БС Скеле одиграа 1:1 во регуларниот дел, по што Мега Лифтови беше поуспешна по пенал рулетот и победи со 4:3.
- Со тоа, во големото финале ќе играат Руди Компани и Мега Лифтови, две екипи кои со своите изданија покажаа дека сосема заслужено ќе се борат за победничкиот пехар.
- Дуелот за трето место меѓу Јувентус БС Скеле и Кеги Моби СК 77777 е во четврток од 20:30 часот а големото финале меѓу Руди Компани и Мега Лифтови е закажано за недела (27-ми септември) од 20:00 часот.
- 33-годишниот Златко Трипиќ кој е роден во Ријека но од '90-те години со неговите се преселил во Норвешка, целата своја кариера ја поминува во Скандинавија, со мали излети во Гројтер Фурт во Германија и Ѓезтепе во Турција.
- Тој е најзаслужен што Викинг влезе во Лига на шампиони затоа што даде гол против Динамо Загреб во плејофот за пласман во елитното друштво и ги исфрли „модрите“ со неколку асистенции во двата натпревари.
- Против Баерн Минхен синоќа намести два гола и го „намести“ Мајкл Олисе да добие црвен картон зошто Французинот испровоциран го удри со топка во лице откако веќе секунда претходно доби прв жолт картон.
- „Трипиќ играше како расипник! Сакаше да победи по секоја цена, наседнавме на неговите провокации и за жал го доби тоа што го сакаше. Дали клубот ќе го казни Олисе? Ќе видиме, ќе разговараме кога ќе се оладат главите“, вели Макс Еберл спортскиот директор на Баерн Минхен.
- А Хари Кејн за Трипиќ рекол „дека е лукав играч кој сака да се влечка по теренот и да троши време“.
- „Така кажал? Супер! И тој е неверојатен во сето тоа и знае колку лукавство е потребно. Успеавме да му влеземе под кожа на Олисе. Кога го исклучија повеќето играчи на Баерн почнаа да ми викаат и да ми пцујат се по список. После сè што се случи не се усудив да влезам во нивната соблекувална да побарам дрес. Сјајно е што таков играч кој еден ден сигурно ќе ја освои Златната топка, се нервира поради дечко од Офтебро и Лингдал“, вели Златко Трипиќ кој се гордее како ги навлекол и провоцирал Баварците.
- Женската фудбалска репрезентација на Македонија до 19 години, го совлада Косово на гости со 3:1 на контролен натпревар.
- Избраничките на селекторот Кирил Изов поведоа со голот на Меланија Грозданова во 5 минута, а на 3 минути пред крајот на првиот дел Олса Мачастена израмни на 1:1.
- На стартот од вториот дел Теона Галабовска и донесе предност на Македонија од 2:1, а конечните 3:1 ги постави Грозданова со погодокот во 89. минута од натпреварот.