Кукоч пак: „Јокиќ и Лука Дончиќ се одлични ама мојата генерација е подобра“

Легендата на европската и светска кошарка од '90-те години која беше дел од шампионската генерација на Чикаго Булс и Бенетон Тревизо, изјави дека едни од најдобрите кошаркари на денешницата во НБА како Никола Јокиќ и Лука Дончиќ не се подобри од оние во неговото време како Дино Раѓа, Дражен Петровиќ, Владе Дивац...

Регионалните новинари како да сакаат да ги буцнат возрасните кошаркари па често им поставуваат прашања за меѓугенерациската дебата и кој е подобар: оние од денес или оние од порано.

Во разговор за хрватски Спорт Недељом, Кукоч вели:

„Тогаш на времето рекетот беше натрупан со масивни, традиционални центри кои доминираа на секој скок. Тие го фалат Никола Јокиќ и со право, тој е феноменален кошаркарски гениј чија визија целосно ме маѓепсува. Но Јокиќ игра во генерација каде не треба да се соочи со тројца физички одбранбени центри секој натпревар, немаш ниту двајца кои може да се приближат на тоа ниво. Ембид е одличен, но тој е секогаш надвор поради повреди и сè друго. И освен него, имаш само уште пар момци кои не се баш некоја опасност напаѓачки“.

„Јокиќ и Дончиќ имаат висока кошаркарска интелегенција која што доаѓа од европската, од балканската школа на основите. Тие ги совладаа основите до совршенство, а нивното разбирање на играта е далеку понапредно од она на останатите во лигата.

Ги имате Јокиќ, Дончиќ и Јанис (Адетокумбо). Во ред, тоа се тројца играчи кои биле МВП, одлични играчи. Но никогаш нема да признаам дека денешните играчи се подобри од Дражен, Дино, Дивац, Сабонис или Марчуљонис.

Кукоч повторно изјави дека тој денес лесно би имал трипл-дабл во просек по натпревар.

„Стојам зад тоа 100%, а еве и зошто: секој ден гледав еден играч, и со сета почит за него, нашиот (на Чикаго Букс) плеј, Џош Гиди. Искрено мислам дека сум подобар шутер и подобра атлета од него. Дечкото има речиси секој натпревар трипл-дабл а игра плеј. Не е некоја којзнае каква атлета но има кошаркарска интелегенција.

Тој навистина ја користи главата. Дава по 14, 15, 16 поени, осум до десет скока и осум до десет асистенции, тој е секогаш присутен. Така што секој натпревар, тој или има трипл-дабл или е ептен блиску до него. На времето, тоа беше резервирано за играчи како Меџик, Џејсон Кид или подоцна Расел Вестбрук. Но тоа беа момци каде, на пример Кид, тој имаше висина, имаше визија на додавање и беше многу физички појак и атлетски.

“.

Сплиќанецот играше во Чикаго Булс со кого освои три шампионски титули во 1996, 1997 и 1998.

Кукоч слични изјави во врска со споредбите меѓу Јокиќ, Дончиќ и неговата генерација дава веќе неколку пати.

24 септември 2026 - 12:45