Откако на социјалните мрежи се појави контроверзно видео, Министерството за транспорт на Аргентина му изрече забрана за возење на Икарди во неговата татковина со траење до 2099 година.
На спорната снимка, Икарди го управува својот автомобил, а неговата партнерка, го откопчува сигурносниот појас додека возилото се движи и излегува низ прозорецот.
Надлежните органи утврдиле дека Икарди во тој момент немал важечка возачка дозвола, а неговата италијанска дозвола требало да биде заменета и продолжена во Буенос Аирес уште во мај 2019 година.
Министерството за транспорт на провинцијата Буенос Аирес потоа го обвинила фудбалерот за груба небрежност. Како возач, тој сноси одговорност за безбедноста на сите вклучени лица.