Вујадин Станојковиќ доби награда за животно дело

Легендарниот репрезентативец на Југославија, а потоа и на Македонија, беше во Сараево каде го прими признаниаето „SIMPOSAR Award“.

Се работи за 15. издание за меѓународниот спортски симпозиум „Симпосар“ кој се одржа во Сараево.

Вујадин Станојковиќ беше во друштво на 250 гости од над 20 земји, меѓу кои и големи имиња како Џеки Џојнер-Керси, Вахид Халилхоџиќ, Хасан Салихамиџиќ, Сергеј Барбарез, Надин Кеслер и Дамир Скомина.

Станојковиќ доби награда за животно дело која претставува уште едно вредно признание за неговата богата фудбалска кариера и долгогодишниот придонес во спортот. 

Тој беше дел и од сесијата „Симпосар – Италија 90, приказна за една генерација“, заедно со Томислав Ивковиќ кој на тој Мундијал на Марадона му одбрани пенал во четвртфинале.

Вујадин Станојковиќ беше првотимец во составот на легендарниот Ивица Осим. Настапи на Олимписките игри во Сеул 1988 и на СП 1990.

23 септември 2026 - 14:19