Offside

Македонската фудбалска репрезентација претрпе минимален пораз од 2:1 на гостувањето кај Шкотска на Хемпден Парк, во рамките на претпоследното коло од Лигата на нации.

Емотивното враќање на Муамба

Фабрис Муамба, фудбалерот на Болтон кој колабираше на теренот на 17. март, се врати на стадионот „Рибок".

Кралскиот клуб ја освои круната

Реал Мадрид и официјално ја обезбеди 32-та титулата од шпанската Примера.

Буфон го доближи Милан на еден поен

Неверојатна среда во Италија. На две кола до крајот на сезоната Милан му се доближи на Јувентус на само еден поен заостанување.

Тренерот на Фиорентина го натепа Љајиќ

Фудбалерот на Фиорентина, Адем Љајиќ доби ќотек од својот тренер, Делио Роси.

Крај на проклетството

Денес, може МЗТ ги има Далман, Чековски и Гечевски, ама само еден играч е најзаслужен за разбивањето на дваесет годишното проклетство. А тој играч игра не игра на терен... игра на трибина

Дербито на Манчестер од поинаков агол

Како изгледаше големото дерби помеѓу Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед од тунелот на Етихад стадионот.

Прерано славје

Американскиот олимпиец Лопез Ломонг се изгуби во броењето на круговите и прерано почна да ја слави победата.

УЕФА нема да ги брише жолтите картони

Челниците на УЕФА потврдија дека барем до 2015-та година немаат намера да го менуваат правилото со кое шест фудбалери од Челси и Баерн Минхен ќе го пропуштат финалето од Лигата на шампиони заради жолти картони.

Видиќ и се извини на шипката

И покрај тоа што Немања Видиќ се уште не игра по операцијата на коленото, тој настрада на дербито помеѓу Сити и Јунајтед.

ЕУРО 2012 ќе се одложи за 2013?

УЕФА ја одби понудата од Шпанија да ја преземе организацијата на Европското првенство заради сè почестите проблеми во Украина, но не ја исклучи можноста тоа да се одложи за следната година.

Девојче што собира топки е новиот херој на Ботафого

Запознајте ја Фернанда Маиа, новиот херој на бразилскиот клуб Ботафого.

Мајстор за кладење во живо

Дали би ставиле пари на кладење во живо на екипа кој губи кошаркарски натпревар со 27 разлика? Тоа го сторил еден Американец и сега е побогат за 41.000 долари.

Стиплчес трките се забавни

Пред еден месец се обидовме да ве убедиме дека стиплчес трките можат да бидат многу забавни. Еве ви уште еден доказ.

Англичаните оптимисти со неуспешниот селектор

Челниците на Фудбалската асоцијација на Англија денес со огромен оптимизам за нов селектор на репрезентацијата го претставија човекот кој во својата тренерска кариера има забележано успех само во клупски фудбал во Шведска и Данска.

Сити владее во Манчестер, а можеби и Англија

На првото градско дерби оваа сезона Манчестер Сити славеше на Олд Трафорд со 1:6, а овој пат на најважниот натпревар тие на домашен терен го победија ривалот Јунајтед со 1:0 и се израмнија на врвот на табелата на две кола пред крајот.

Највалканите играчи во НБА лигата

Магазинот Sports Illustrated спроведе анкета помеѓу самите кошаркари за тоа кој е највалканиот играч во НБА лигата. Изненадувачки, на првото место не е Мета Ворлд Пис (Рон Артест).

Партибрејкерот Пујол

Капитенот на Барселона им го прекина танцот на Алкантари и Алвеш, а тие подоцна беа приморани и да им се извинат на фановите на Рајо Ваљекано.

Ново шоу на Нејмар

Ѕвездата на бразилскиот фудбал, Нејмар со нов хет-трик ја надмина границата од 100 гола за Сантос и го доближи својот тим до титулата во Паулиста лигата.

Ракометарка уби потпретседател на фудбалски клуб

Црногорска ракометарка го призна убиството на потпретседателот на фудбалскиот клуб Рудар.

Збунетите Лацијали примија гол на празна мрежа

Во 94-та минута од натпреварот помеѓу Удинезе и Лацио, гостинските фудбалери помислија дека го слушнаа последниот свиреж на судијата и примија уште еден гол.

Леирија играше со формација 4-3-0

Мислевме дека вакви комедии се случуваат само на фудбалските терени низ македонските села, но ете се случи и во Португалската прва лига. Леирија одигра со само осум фудбалери, а деветтиот планиран фудбалер пред натпреварот избегал со куферче пари.

Седмица на Барселона во Мадрид

Фудбалерите на Барселона постигнаа седум гола во Мадрид, но не на стадионот Сантјаго Бернабеу. Седмицата ова коло падна во мадридското предградие Ваљекас, на стадионот на Рајо Ваљекано, а Реал Мадрид си ја задржа предноста од седум поени по нивната победа над Севиља.

Кога тренерите прават клизачи

Многу искри во последните минути од еден натпревар во Швајцарија откако тренер му направи сопка на гостински фудбалер.