ЛА Клиперс губеа со 27 разлика од Мемфис Гризлис на осум минути до крајот на натпреварот и кога сите мислеа дека натпреварот е завршен, еден Американец имал поинакво мислење.
Тој ставил 25 долари на победата на Клиперс на коефициент 555 за добивка од околу 14.000 долари. Веќе во следниот напад Клиперс намалија со тројка и тој вложил уште 50 долари.
Ризикот се исплател. Клиперси го приредија еден од најголемите пресврти во историјата на НБА лигата и на крајот победија со 98:99, а овој мајстор сега е побогат за 41.000 долари.