Највалканите играчи во НБА лигата

Магазинот Sports Illustrated спроведе анкета помеѓу самите кошаркари за тоа кој е највалканиот играч во НБА лигата. Изненадувачки, на првото место не е Мета Ворлд Пис (Рон Артест).

Анкетата на Sports Illustrated вклучи 146 НБА кошаркари, но таа била спроведена пред ударот со лакт на Мета Ворлд Пис над Џејмс Харден, па најверојатно затоа тој не се најде на првото место на листата од највалкани играчи во лигата. На оваа листа освен „тепачите", се најдоа и неколку познати „глумци".

На 15-то место е Раџа Бел од Јута, 14-ти е Џамал Меглор од Торонто, 13-ти е Шејн Батие, на 12-та позција се најде кандидатот за МВП, Двајт Хауард од Орландо, а 11-ти е Рајан Холинс од Бостон.

10. Едуардо Нахера - Шарлот

9. Андерсон Варехао - Кливленд

8. Курт Томас - Портланд

7. Кевин Лав - Минесота

6. Џералд Хендерсон - Шарлот


5. Крис Пол - ЛА Клиперс


4. Џеф Фостер - пензија


3. Мета Ворлд Пис - ЛА Лејкерс


2. Кевин Гарнет - Бостон


1. Реџи Еванс - ЛА Клиперс


30 април 2012 - 13:05