Offside

Македонската фудбалска репрезентација претрпе минимален пораз од 2:1 на гостувањето кај Шкотска на Хемпден Парк, во рамките на претпоследното коло од Лигата на нации.

Аеродром повторно неосвоив за Фени

Ниту еднаш сезонава Фени Индустри не успеа да го победи МЗТ Скопје во „Јане Сандански“ во Аеродром, а овој пат тие беа само бледа сенка на тимот кој пред три дена победи со +19 во Кавадарци. МЗТ Скопје триумфираше со 25 разлика и дојде на чекор до својата прва шампионска титула.

Касано пак стрела, Јуве остана на +3

По долга Антониот Касано за прв пат се најде во стартниот состав на Милан и постигна гол при победата од 1:4 на гостувањето кај Сиена. Јувентус ја одржа предноста од три поени со триумфот од 0:4 кај Новара.

3 моменти од првиот ден на НБА плејофот

Започна и НБА плејофот. За некого добро, а за некого лошо. Еве ги трите моменти кои ја одбележаа првата вечер од НБА плејофот.

Бакнеж за жолт картон

Рома и Наполи одиграа 2:2, а стрелец на израмнувачкиот гол за домаќините беше Бразилецот Симплисио. Тој го прослави голот со бакнеж за синот и сопругата, но судијата не беше многу сентиментален и му додели жолт картон по враќањето на теренот.

Гол-шоу во Премиерлигата

Стрелците беа многу расположени на саботните натпревари од англиската Премиер лига. Најрасположен од нив беше Луис Суарез кој го реализираше својот прв хет-трик за Ливерпул, а еден од головите го постигна од скоро пола терен.

Најдобрите голови од изминатата недела

Најдобрите 10 голови за изминатата седум дена од целиот свет, меѓу кои се мајсториите на Туран, Лопез, Карлос Вела, Рамиреш и Хамшик.

Танчерите од НБА

Леброн, Мело и Двајт го предводат танчерскиот тим во НБА лигата.

Тикет на колото од Драган Ѓоргиев

Тикетот на колото за овој викенд го состави Драган Ѓоргиев, поранешниот член на германските клубови Мајнц и Падерборн и член на младинската репрезентација на Македонија.

Тито Виланова, мозокот зад успехот на Барса?

Назначувањето на неафирмираниот Тито Виланова за тренер на гигант како Барселона, предизвика шок во фудбалскиот свет. Но кој е Виланова и дали тој всушност е еден од најзаслужните за успехот на Гвардиола?

Чикаго и Дерик Роуз продаваат најмногу дресови

Оваа сезона не беше најсјајна за Дерик Роуз, но сепак дресот на кошаркарот на Чикаго Булс е најпродаван во НБА лигата.

Тито го наследи Пеп

Два натпревари во четири дена со кои Барселона ги загуби титулите од шпанската Примера и Лигата на шампиони, беа доволни за Пеп Гвардиола да ги заборави 13-те освоени трофеи и самиот да донесе одлука за завршување на најтрофејната ера во историјата на каталонскиот клуб. Новиот тренер на Барса е досегашниот заменик на Гвардиола, Тито Виланова.

Знам каде е голот и дека не мрда

Репрезентативецот на БиХ, Ведад Ибишевиќ оваа сезона во германската Бундеслига постигна 13 голови и тоа сите од внатрешноста на шестнаесетникот. Тој за германските медиуми ја откри тајната: „Јас секогаш знам дакде е голот и знам дека не мрда".

Хитлер дозна за елиминацијата на Барса

Како реагираше Хитлер кога ја прими веста дека Челси ја елиминирала неговата Барселона од Лигата на шампиони.

Заврши регуларниот дел, следува НБА плејоф!

Синоќешните натпревари во НБА лигата го комплетираа лигашкиот дел од сезоната во кој секоја од екипите одигра по 66 натпревари, по што следува плејоф.

Билбао и Атлетико за шпанско финале во Лига Европа

Атлетик Билбао и Атлетико Мадрид ќе се сретнат во финалето на Лига Европа во Букурешт на 9. мај. Билбао на интересен натпревар го победи Спортинг со 3:1, а Атлетико Мадрид по втор пат славеше над Валенсија.

Фени го преслуша МЗТ во Кавадарци

Екипата на Фени Индустри го декласираше МЗТ Скопје со високи 84:65 и се врати во игра за титулата, намалувајќи на 2:1 во финалната плејоф серија што се игра до четири добиени натпревари.

Баерн Минхен фаворит според обложувалниците

Светските обложувалници веќе ги објавија своите понуди за финалето од Лигата на шампиони каде Баерн Минхен е фаворит против Челси. Според обложувалниците, најголема е веројатноста дека натпреварот ќе заврши со резултатот 1:0.

Како да се сопре Нејмар?

Бразилското чудо Нејмар продолжува да ги излудува противниците кои во немоќност да го сопрат, употребуваат разни техники да го „сотрат“.

Нуркање во далечиња

Кога поранешен пливач ќе залута во атлетика, се случуваат и вакви скокови во далечина.

Кака е најпопуларен твитерџија помеѓу спортистите

Бразилецот Кака се најде во друштво на Лејди Гага и Џастин Бибер откако вчера тој стана првиот спортист кој доби 10 милиони Твитер следбеници. Помеѓу најпопуларните 20 спортисти твитерџии доминираат фудбалерите.

Во Минхен веќе се бараат милиони влезници

Баерн Минхен ќе биде домаќин на финалето од Лигата на шампиони, но на натпреварот против Челси тие освен предноста од домашниот терен, нема да имаат многу поголема поддршка од своите навивачи.

Каде заврши пеналот на Рамос

Најпрво НАСА соопшти дека топката од пеналот на Рамос ќе слета во близина на Сарамзалино, но тоа била грешна информација. Еве каде всушност заврши.

Баерн Минхен преку пенали до финале против Челси

Вториот финалист во Лигата на шампиони беше одлучен по квалитетна фудбалска претстава со траење од 120 минути во чија завршница поуспешна беше екипата на Баерн која по изведувањето на пенали обезбеди финале на својот стадион во Минхен.