Фудбалерот на Реал Мадрид, Рикардо Кака е најпопуларен спортист во твитосферата. Тој вчера ја помина границата од 10 милиони Твитер следбеници, нешто што до сега им успеало само уште на 16 други луѓе од целата планета, меѓу кои доминираат музичарите.
Помеѓу најпопуларните 20 спортисти на Твитер доминираат 11 фудбалери, а по нив се пет кошаркари. Единствена жена меѓу нив е тенисерката Серена Вилијамс на 20-та позиција со 2,6 милиони фанови на Твитер.
Зад Кака кој во овој момент има 10,04 милиони Твитер следбеници, следи неговиот колега од Реал Мадрид, Кристијано Роналдо со 9,02 милиони. На третата и четвртата позиција се кошаркарите Шекил О'Нил со 5,52 и Леброн Џејмс со 4,34 милиони, а на петтата позиција е Нејмар со 4,1 милиони Твитер следбеници.