Offside

Македонската фудбалска репрезентација претрпе минимален пораз од 2:1 на гостувањето кај Шкотска на Хемпден Парк, во рамките на претпоследното коло од Лигата на нации.

Јуве и Милан се извлекоа во финишот

Јувентус минимално славеше на гостувањето кај Чезена, а Милан со играч повеќе во финишот ја победи Џенова со што разликата помеѓу двата тима остана на три поени.

Објавен поширокиот список на кошаркари

Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација, Марјан Лазовски го објави списокот со 24-те кошаркари за стартот на подготовките за предолимпискиот турнир во Венецуела.

Месарот Ди Матео го препороди Челси

Привремениот тренер на Челси, Роберто Ди Матео кој за малку наместо фудбалер ќе станел месар, го препороди тимот и го одведе до финалето на Лигата на шампиони и ФА купот со што дефинитивно ја заслужи довербата од Роман Абрамович.

Возњацки стана пејачка

Оваа година на тенисерката Каролина Возњацки воопшто не и оди, па реши да се проба и во пеењето. Што е полошо? Нејзината форма на тениските терени или нејзината песна?

Фудбалер потпиша договор до 20014 година

Исланѓанецот Гретар Стеинсон доби продолжување на својот договор со Болтон, но наместо на две години, неговиот договор е продолжен на 18.002 години.

Непријатна тишина

Тренерот на Рома, Луис Енрике остана без зборови по поразот од Јувентус. За едно новинарско прашање му беа потребни дури 50 секунди да го смисли одговорот.

Реал и Баерн во конечна пресметка за финале

Вечерва ќе го добиеме и вториот финалист во Лигата на шампиони на натпревар на кој Реал Мадрид на Сантјаго Бернабеу ќе се обиде да ја надмине предноста од 2:1 на Баерн Минхен од првиот полуфинален натпревар.

Уништено славјето на Ивановиќ

Малку фалеше дефанзивецот на Челси, Бранислав Ивановиќ да се расплаче по елиминацијата на Барселона откако новинарот му кажа дека заради жолтиот картон нема да може да игра во финалето.

 

Бункерот на Челси ја симна Барса од тронот

По загубеното Ел Класико, Барселона во рок од три дена се збогуваше со своите трофеи во шпанската Примера и во Лигата на Шампиони. Каталонците имаа фудбалер повеќе и доминираа во текот на целиот натпревар, но Челси успеа да извади 2:2 на Камп Ноу и избори пласман во големото финале.

Британија против Уругвај на ОИ во Лондон

На три месеци до почетокот на Олимписките игри во Лондон, денес беше извршено извлекувањето на групите за фудбалскиот турнир. Најинтересно ќе биде во групата А каде се домашната репрезентација и шампионот на Јужна Америка.

Твитер и Фејсбук забранети за Данците на ЕУРО 2012

Репрезенативците на Данска добија забрана за користење на своите профили на Твитер и Фејсбук за време на Европското фудбалско превенство во Полска и Украина.

Коби игра жмурка со камерман

Коби Брајант покажа дека има добра смисла за хумор и поштено го зезна камерманот на ЕСПН во тунелот на Стејплс центарот пред натпреварот со Оклахома.

Ранетата Барса брка спас на сезоната

Екипата на Челси вечерва со гол предност на Камп Ноу се среќава со актуелниот европски шампион на полуфиналниот реванш натпревар од Лигата на шампиони. Ќе успее ли Барселона да ја надмине негативата или ќе се збогува со својот пехар?

Гол од пола базен

На фудбалските терени сме виделе многу голови од пола терен, но такви мајстории се прават и во базен на ватерполо натпревари.

Фашистот Ди Канио стана легенда на Свиндон

Италијанецот чија кариера како фудбалер беше проследена со многу контроверзии, продолжи со скандалите и на почетокот на тренерската кариера, но по една година стана легенда на Свиндон, предводејќи го малиот фудбалски клуб до третата по ранг лига во Англија.

Поранешниот шампион за прв пат во Бундеслигата

По одигрувањето на натпреварите од 32-то коло на германската втора лига, поранешниот трикратен шампион на Германија, екипата на Гројтер Фирт избори пласман во елитата за прв пат во историјата откако е оформена Бундеслигата во 1963-та година.

Неверојатна турска кореографија

По кореографијата на натпреварот против Бешикташ пред 2 месеци, навивачите на Галатасарај се надминаа себеси со уште една неверојатна кореографија пред натпреварот со Фенербахче.

Дрес од 13 шишиња

Дресовите на Најк кои ќе се носат на Европското првенство се изработени од 13 пластични шишиња.

Робин ван Перси играч на годината во Англија

Напаѓачот на Арсенал, Робин ван Перси е прогласен за играч на годината од страна на Асоцијацијата на професионални фудбалери во Англија.

Јуве ја преслуша Рома и се доближи до Скудетото

На пет кола до крајот на италијанската Серија А, екипата на Јувентус се доближи до шампионската титула откако ја растури Рома со 4:0, а Милан на домашен терен одигра само 1:1 со Болоња.

Сити на -3 пред дербито на Манчестер

Сепак трката за титулата во Премиер лигата е далеку од решена и за шампионот на Англија ќе се одлучува во понеделник, 30 април на големото дерби на Манчестер. Актуелниот шампион со нов кикс му дозволи на Сити да се доближи на -3.

Реал Мадрид ја завери титулата

Барселона не успеа да го сопре Реал Мадрид на патот кон титулата. Кралскиот клуб славеше на Камп Ноу по пауза од пет години и со победата од 1:2 го зголеми водството на недостижни седум поени предност во однос на најголемиот ривал.