Јуве и Милан се извлекоа во финишот

Јувентус минимално славеше на гостувањето кај Чезена, а Милан со играч повеќе во финишот ја победи Џенова со што разликата помеѓу двата тима остана на три поени.

Јувентус и Милан се намачија и беа на прагот на нови киксови, но се извлекоа во финишот.

Лидерот Јувентус си ја зачува водечката позиција со минималната победата кај Чезена. Гостите имаа повеќе шанси во текот на натпреварот, а во деветата минута Андреа Пирло промаши и пенал, па на единствениот гол се чекаше до десет минути пред крајот. Стрелец на победничкиот погодок беше Марко Бориело. благодарение на голот на Марко Бориело на десет минути пред крајот.

Милан имаше поголеми маки од Јувентус. Фудбалерите на актуелниот шампион во првиот дел креираа само една вистинска шанса пред голот на Џенова. Во второто полувреме работата им ја олесни Јанковиќ кој заработи втор жолт картон во 72-та минута. Кевин Принс Боатенг на четири минути пред крајот конечно ја искористи предноста од играч повеќе и му ја донесе победата на Милан со која го задржа својот тим во трка за титулата.

На пет кола до крајот на сезоната, интересна е и трката за излез во Европа. Лацио киксна на гостувањето кај Новара и му дозволи на Наполи кој триумфираше кај Лече да му се приближи на само еден бод до третото место кое води во квалификациите за Лигата на шампиони.

Интер прослави многу важна победа на гостувањето кај Удинезе, директниот конкурент за пласман во Лига Европа, а Рома неочекувано на домашен терен беше поразена од Фиорентина.

СЕРИЈА А – 33. КОЛО

Милан – Џенова 1:0
Боатенг 86

Чезена – Јувентус 0:1
Бориело 80

Новара – Лацио 2:1
Диаките 35аг, Маскара 79 - Кандрева 37

Сиена – Болоња 1:1
Дестро 52 – Дијаманти 69

Рома – Форентина 1:2
Тоти 71 – Јоветиќ 2, Лаѕари 90

Удинезе – Интер 1:3
Данило 6 – Снајдер 10, 28, Алварез 38

Лече – Наполи 0:2
Хамшик 5, Кавани 51

Палермо – Парма 1:2
Хернандез 6 – Окака 55, Биабиани 70

вторник:
Каљари – Катанија 3:0
Рибеиро 21, Пиниља 79, Ибаро 90+4

Аталанта – Киево 1:0
Моралез 72

25 април 2012 - 20:22