Јуве ја преслуша Рома и се доближи до Скудетото

На пет кола до крајот на италијанската Серија А, екипата на Јувентус се доближи до шампионската титула откако ја растури Рома со 4:0, а Милан на домашен терен одигра само 1:1 со Болоња.

Домаќините не губеа време и веднаш ја искористија несигурноста на одбраната на Рома и тоа два пати само четири минути.

Најпрво во четвртата минута Де Чеље одлично од левата страна го проигра Артуро Видал кој беше осамен пред голот на Рома и без проблеми ја затресе мрежата, а во осмата минута истиот фудбалер по додавањето од Вучиниќ биеше неодбранливо од работа на шестнаесетникот.

Катастрофата на Рома се насети уште во 26-та минута кога Маркизио беше соборен во шестнаесетникот од Стекеленбург, а судијата Бергонѕи досуди пенал за Јувентус и можеби престрого го исклучи голманот на гостите.

Резервниот голман Курчи успеа да му одбрани ударот од белата точка, но топката повторно се одби до Пирло кој беше успешен во вториот обид.

Убедливата победа ја потврди Маркизио со прецизен удар од далечина по седум минути игра во вториот дел.

Актуелниот шампион на Италија, екипата на Милан се одалечи од одбраната на својот трофеј откако на својот стадион одигра само 1:1 со Болоња.

Милан напаѓаше и ја имаше иницијативата во текот на целиот натпревар, а Болоња се закануваше од контра напади. При една таква ситуација Гастон Рамирез ги доведе гостите во водство во 26-та минута.

Фудбалерите на Милан продолжија со нападите и во второто полувреме, но тешко доаѓаа до сериозна шанса за гол.

Во 59-та минута Ибрахимовиќ постигна гол, но овој погодок беше поништен заради сомнителна офсајд ситуација.

Последните осум минути Милан играше со играч помалку откако беше исклучен Бонера, но и со 10 фудбалери домаќинот напаѓаше со сите сили и успеа да стигне до израмнување во последната минута од регуларниот дел со убав гол со волеј удар на Ибрахимовиќ.

34-то коло од Серија беше одбележан и со инцидентот во Џенова каде домашните навивачи го прекинаа натпреварот против Сиена при резултат 0:4 и побараа од своите фудбалери да им ги предадат дресовите кои не заслужуваат да ги носат.

Фудбалерите на Џенова ги соблекоа дресовите, но Џузепе Скули со солзи во очите успеа да ги убеди навивачите да се смират и натпреварот продолжи по пауза од 45 минути.

СЕРИЈА А – 34. КОЛО

недела:
Фиорентина – Интер 0:0

Милан – Болоња 1:1
Ибрахимовиќ 90 - Рамирез 26

Чезена – Палермо 2:2
Сантана 26, Ренела 28 - Бертоло 19, Силвестре 45+2

Џенова – Сиена 1:4
Гроси 79аг - Бриенца 17, 37, Дестро 19, Џорџи 49

Лацио - Лече 1:1
Матузалем 82 - Божинов 90+2

Јувентус - Рома 4:0
Видал 4, 8, Пирло 29, Маркизио 52

сабота:
Парма – Каљари 3:0
Џовинко 24, Флокари 73п, Окака 90п

Киево – Удинезе 0:0

Катанија – Аталанта 2:0
Гомез 31, Сејмур 85

Наполи – Новара 2:0
Кавани 21, Канаваро 37

22 април 2012 - 22:46