Изминатиот викенд во Турција се одигра големото дерби помеѓу Галатасарај и Бешикташ. Атмосферата на трибините на натпреварите помеѓу Галатасарај, Бешикташ и Фенербахче секогаш е одлична, а овој пат навивачите на Галатасарај направија вистински спектакл.
Тие со прекрасна тродимензионална кореографија од тренерот Фатих Терим и фудбалерите, го мотивираа својот тим кој на крајот победи со 3:2 со гол во судиското продолжение.