Македонската кошаркарска репрезентација ќе се бори за пласман на Олимписките игри во Лондон на квалификацискиот турнир кој ќе започне на 2 јули во Венецуела.
Подготовките за предолимпискиот турнир че започната на 4 јуни во Скопје, а селекторот Марјан Лазовски денес ги објави имињата на 24-те кошаркари кои го сочинуваат поширокиот список:
1. Владо Илиевски
2. Лестер Бо Мекејлеб
3. Војдан Стојановски
4. Дамјан Стојановски
5. Перо Антиќ
6. Тодор Гечевски
7. Ѓорѓи Чековски
8. Предраг Самарџиски
9. Кирил Николовски
10. Дарко Соколов
11. Димитар Мираковски
12. Александар Костоски
13. Ивица Димчевски
14. Марко Симоновски
15. Тод Зафировски
16. Горјан Марковски
17. Стојан Ѓуроски
18. Бојан Трајковски
19. Бојан Крстевски
20. Јане Петровски
21. Диме Тасовски
22. Никола Караколев
23. Огнен Стојановски
24. Џеремаја Мејси
Турнирот во Каракас го започнуваме против Ангола на 2 јули од 23:30 часот по македонско време, а следниот ден (3 јули) од 20 часот играме со Нов Зеланд.
Пласман на Олимписките игри ќе обезбедат три репрезентации, а на турнирот ќе учествуваат 12 репрезентации кои ќе бидат поделени во четири групи од по три репрезентации. Најдобрите две од секоја група продолжуваат во четвртфинале по што следуваат полуфинални натпревари и натпревар за трето место.