Капитенот на Арсенал кој во моментов е водечки стрелец во англиската Премиер лига со 27 голови, беше изгласан за најдобар фудбалер во конкуренција на Вејн Руни, Скот Паркер, Џо Харт, Давид Силва и Серхио Агуеро.
Робин ван Перси е петти член на Арсенал кој ја освојува оваа награда, а прв по Тиери Анри кој беше прогласен за најдобар во 2003 и 2004, а исто така е и трет фудбалер од Холандија кој го добил ова признание по Денис Беркамп во 1998 и Руд ван Нистелрој.
За најдобар млад фудбалер во Англија е прогласен фудбалерот на Тотенхем Кајл Вокер, а Асоцијацијата на професионални фудбалери го објави и најдобриот тим во кој се наоѓаат четворица членови на Манчестер Сити, тројца од Тотенхем и по еден од Манчестер Јунајтед, Арсенал, Њукасл и Евертон.
Најдобриот тим на Премиер лигата е составен од:
Џо Харт (Манчестер Сити), Кајл Вокер (Тотенхем), Фабрицио Колочини (Њукасл), Венсан Компани (Манчестер Сити), Лејтон Бејнс (Евертон), Давид Силва (Манчестер Сити), Скот Паркер (Тотенхем), Јаја Туре (Манчестер Сити), Герет Бејл (Тотенхем), Робин ван Перси (Арсенал) и Вејн Руни (Манчестер Јунајтед).